4.9 C
Ohrid
петок, мај 9, 2025
ПочетнаМакедонијаБараме веднаш да се разреши Фатиме Фетаи, ние не сме едуцирани да...

Бараме веднаш да се разреши Фатиме Фетаи, ние не сме едуцирани да убиваме- Порачаа Албанците

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Организаторите на протестот за случајот „Монструм“ побараа обвинителката Фатиме Фетаи да биде разрешена, а судењето да се врати на почеток. Качен на авотомобил пред толпата Бедри Ајдари, роднина на еден од обвинетите во „Монструм“ рече дека тие не се терористи и не се сторители на делото и побара да бидат ослободени.

<

Ние сме граѓани тука, од Македонија, не сме имале никогаш проблеми, ниту со соседите. Ние, нашите семејства не сме едуцирани да убиваме, а најмалку да направиме терористички чин. Ние го осудуваме овој чин, но не сакаме да не најдат како случајна жртва за да понесеме одговорност. Жалиме за убиените, сочувствуваме со семејствата, но треба да се откријат вистинските злосторници, рече тој, додавајќи дека обвинителката не предложила нови докази.

Она што го бараат, порача, е да се спроведуваат законите.

Знаеме дека правниот систем од поодамна е корумпиран, се озборува и во Европа и сегде, имаме примедби од Прибе и од други кои укажуваат дека не ни чини правниот систем. Овие луѓе кои дојдоа, не дојдоа затоа што сум познато име јас, туку веруваат дека треба правда за политички монтирани случаи, рече Ајдари.

Спомнувањето на името на Фетаи беше пречекано со многу извици во кои имаше и навредливи етикети на сметка на обвинителката. Ајдари рече и дека ќе бидат известени амбасадите на САД и ЕУ и побара меѓународен мониторинг на судскиот процес и негово враќање на ново разгледување и судење.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Штип убиство и пукање во единственото кафуле на плоштадот во градот

Штипјани се видно вознемирени поради вечерашните случувања во централното градско подрачје. Според информациите од терен едно лице е усмртено со пиштол во единственото кафуле на...

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Лав XIV

Премиерот Христијан Мицкоски во негово и во име на Владата го честита изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква папата Лав XIV. - Изборот на...

Американецот Роберт Превост е новиот папа – Неговото ново име е Лав XIV

Откако над Систинската капела беше пуштен бел чад, што означуваше дека кардиналите го избраа 267-от поглавар на Римокатоличката црква, беше објавено кој е новиот...

Пуштен бел чад: Избран е новиот папа!

Бел чад е испуштен од оџакот на Сикстинската капела што значи дека е избран нов папа. Кардиналите попладнево одлучиле за наследник на папата Франциск односно...