19.9 C
Ohrid
сабота, јуни 28, 2025
ПочетнаМакедонијаКомисијата за заразни болести препорачува: Администрацијата да работи од дома

Комисијата за заразни болести препорачува: Администрацијата да работи од дома

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Комисијата за заразни болести препорачува вработените во државната и јавната админстрација и понатаму да работат во смени, дома или во ротации, иако Владата одлучи на 1 февруари да се вратат на работните места. Комисијата исто така препорача да не се менува работното време на угостителските објекти и да продолжат да работат до 21 часот.

<

Миниистерството за здравство вели дека на денешниот состанок Комисијата дала препорака да останат на сила истите досегашни мерки за заштита од понатамошно ширење на ковид-19.

„Работата во државна и јавна администрација, општините и судовите, согласно принципот на работа и работниот процес, организирањето на работата останува иста, да се одвива во смени или онлајн од дома или, пак редуцирано со систем на ротации зависно од карактеристиките на работниот процес на институциите. Во овој момент, здравствената ситуација со ковид-19 е само стабилна, но не и намалена и поради тоа не е дадена никаква препорака за олабавување на мерките и препораките. Граѓаните да продолжат да ги почитуваат мерките за заштита, затоа што даваат резултати“, вели Министерството.

Кафеаните и кафулињата од 18 декемрви до 21 јануари работеа до 18 часот, а од 21 јануари до 21 часот. Независната угостителска комороа постојано апелира дека се во криза и бараат работното време да се продолжи до 23 часот.

Државната администрација не оди на работа од почетокот на пандемијата на ковид-19. Во март со цел да се спречи ширење на вирусот, Владата донесе одлука административците да работат од дома. Дел од нив беа вратени на работа во јуни, но голем број продолжија да не одат бидејќи ослободени од одење на работа беа бремените жени, хронично болни, како и родителите на деца до 10 години. Со отворањето на градинките во септември и почетокот на учебната година мерката веќе не важеше, па оние административци кои ја користеа мораа да се вратат на работа. Но, одењето на работа траеше еден месец бидејќи на октомври беше донесена нова одлука за работа од дома или во смени и ротации.

сдк.мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...

Стружани сами си го поправија дрвениот мост на реката Црн Дрим.

Чекаа реакција од градоначалникот, но залудно – па стружани решија работата да ја превземат во свои раце. Еден од дрвените мостови на шеталиштето покрај...

Таравари: Сегашниот ќе биде и иден градоначалник на Гостивар

Валбон Лимани, актуелниот вршител на должноста вд градоначалник на општина Гостивар, ќе биде кандидат за уште еден мандат, соопштти Арбен Таравари, синоќа на граѓанскиот...

Страшна сообраќајка кај селото Извор-Кичево: Судир помеѓу мерцедес со странски таблички и опел астра со охридски ознаки !!!

На Страшна сообраќајка кај Подмоље: Судир На магистралниот пат А2, во близина на кичевското село Извор- Подмоље, денеска се случи тешка сообраќајна незгода во која учествувале...