24.9 C
Ohrid
сабота, јули 19, 2025
ПочетнаМакедонијаЗаев: Опозицијата ги минира напорите за развој на државата- Застануваат буквално против...

Заев: Опозицијата ги минира напорите за развој на државата- Застануваат буквално против секој важен процес за државата

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Премиерот Зоран Заев во интервју за „Капитал“ изрази жалење дека голем дел од постапките што ВМРО-ДПМНЕ ги прави во Собранието и надвор од него, се блокади, лажни вести и манипулации кои, како што рече, се опасни и штетни по државните и национални интереси, по интересите на граѓаните.

<

-Застануваат буквално против секој важен процес за државата, од напредокот во НАТО и ЕУ, преку борбата со коронавирусот, па еве деновиве гледаме дека се и против пописот“, рече Заев.

Премиерот подвлече дека Мицкоски се обидува да ги минира сите напори за развој на државата, но на другата страна се силната и отворена Влада заедно со македонските граѓани.

-Оваа, демократската страна веќе четврта година по ред ги победува ретроградните и опасни политики на Груевски и Мицкоски. За сите прашања од интерес на граѓаните можеме да продискутираме, но тоа бара одговорно однесување, а не постојано повторување на мантрата „колку полошо за државата, толку подобро за ВМРО“, рече Заев.

 

Според него, ако имаат алтернатива нека ја покажат на конструктивен и аргументиран начин наместо со ситно политиканство да ја отежнуваат состојбата.

-ДПМНЕ има и обврска и одговорност да не ги блокира заеднички прифатените стратешки приоритети на нашата земја како што е членството во ЕУ, подинамичен економски раст, одржлив развој, ефикасна правна држава и силни институции, модерно образование, внатрешна кохезија, успешно и ефикасно справување со светската пандемија со Ковид-19, рече Заев.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гест за почит: Скопски таксист не му наплати на Јанко – „Фала ти за љубовта кон Македонија“

Колумбиецот Јанко, кој во последните години стана препознатлив по тоа што пее песни на македонски јазик и со својата харизма ја промовира нашата култура...

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на СДСМ Венко Филипче попладнево на прес-конференција објави уште еден дел од кандидатите за локалните избори, по состанокот на Извршниот одбор на партијата,...

Исчезнато 13-годишно девојче е пронајдено кај 33-годишен маж во Џепчиште

Рано утрово во тетовското село Џепчиште, во домот на 33-годишен маж е пронајдено 13-годишно девојче кое мајката претходно го пријавила како исчезнато, соопшти МВР....

Турист од Босна починал на плажа во Охрид.

На 17.07.2025 во 14.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека од плажа на брегот на Охридското езеро во Ј.З.У. „Специјална болница за кардио-васкуларни...