21.9 C
Ohrid
вторник, јули 15, 2025
ПочетнаМакедонијаДвајца прилепчани извршиле тешка кражба во стан во Скопје

Двајца прилепчани извршиле тешка кражба во стан во Скопје

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Двајца прилепчани се осомничени за тешка кражба во стан во Скопје, од каде одзеле накит во вредност од 65.000 денари, а поради опасност да го повторат делото обвинителството предлага да им биде определен притвор.

<

Како што информираа од Основното јавно обвинителство Скопје, поведена е постапка против две лица осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Осомничените жители на Прилеп, на возраст од 30 и 29 години, на 1 февруари заедно провалиле во стан на улицата „Никола Парапунов” во Скопје. Едниот осомничен внимавал некој да не наиде, додека другиот го скршил цилиндерот на надворешната врата и од станот одзел накит во вредност од 65.000 денари.

-Јавниот обвинител му предложи на судијата за претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје да определи мерка притвор за двајцата осомничени, бидејќи постојат околности кои укажуваат дека тие би можеле да се дадат во бегство или да го повторат делото, информираат од Обвинителството.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Командант “БАРУТИ” од домашен, оди во затворски притвор !!!

Кривичниот суд денеска одлучи да му се замени домашниот со затворски притвор на напаѓачот на скопската градоначалничка Арсовска. „Имено, С.Љ. осомничен за кривичното дело Насилство...

За прв пат во Македонија изречена казна затвор за убиство на Куче !!!

Кривичниот суд денеска ги осуди Љубе Крстевски и Бранко Билбиловски за убиството на кучето Феликс, кое почина на 7 јануари 2025 година од последици...

Кривична пријава за доктор од Струга.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.С.(42) од Струга, лекар во Општа болница во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело...

На 36 години почина македонскиот гитарист и професор Кристијан Волчев

Загуба за македонската култура и музика Македонската музичка сцена остана без еден од своите најталентирани и најпосветени уметници – Кристијан Волчев. На само 36 години,...