7.9 C
Ohrid
четврток, декември 7, 2023
ПочетнаМакедонијаЗа поголем дел од работниците недела да биде ден за одмор, а...

За поголем дел од работниците недела да биде ден за одмор, а за останатите да имаат слободен ден во текот на неделата..

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска пред членовите на Економско-социјалниот совет ја презентираше последната верзија на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи, а со кој се регулира денот недела да биде ден за неделен одмор.

– Наша задача е да дојдеме до предлог-закон кој ќе биде прифатлив за сите страни што се дел од социјалниот дијалог. Сметам дека документот за кој дискутираме денеска овозможува најголемиот дел од работниците неделата да ја користат за одмор и за семејството. Секако дека работниците коишто работат во дејности во кои работниот процес е од таква природа што не може да се прекине, поради техничко-технолошки процес и потребата од континуитет, како ден за одмор може користат и друг ден од неделата. Начелно има согласност за носење на вакво законско решение и сите засегнати страни имаат позитивен пристап – нагласи Шахпаска.

Таа изрази уверување дека преку конструктивна дебата со социјалните партнери ќе се дојде до најдоброто законско решение, со што ќе ја оствариме суштинската цел недела да биде – ден за неделен одмор, односно ден за семејството.

Членовите на Економско-социјалниот совет дискутираа и за тоа дали со исклучоците се опфатени сите дејности кои што не можат да го прекинат работниот процес, бидејќи одредени сектори мора непречено да функционираат.

Членовите на ЕСС постигнаа договор дека на следниот состанок, кој би требало да се одржи во наредните денови, да се решат уште неколку дилеми кои произлегоа од денешната дискусија.

spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мајката на Вања: Не можам да разберам, се ми е нереално – Со сопругот бевме 5 години разделени, но бевме во добри односи.

Зорица Ѓорчевска, мајката на Вања Ѓорчевска (14) која беше убиена кај скопското село Бразда за српска „Република“ изјавува дека важно и е само да...

Групата на Палевски имала списоци за изнуди, киднапирања и ликвидации, тврди Ременски

Да се прошири истрагата за групата на Љупчо Палевски, зашто нивните дејства се еднакви на тероризам и истите имаат криминално минато за кое требало...

Курти бара најстроги казни за убијците на Вања

Косовскиот премиер Албин Курти смета дека на сторителите на киднапирањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска во Македонија и нарачаното убиство на 30-годишната Лиридона...

Македонските иселеници во Турција никогаш не ги заборавија своите македонски корени

Според Мустафа Кемал Узункаја, здружението на македонските иселеници ЕГЕ во изминативе години има преземено повеќе активности што се насочени кон зачувување на нивните македонски...