28.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаВработени во МВР заработаа кривични, барале мито за да не пишуваат казни...

Вработени во МВР заработаа кривични, барале мито за да не пишуваат казни…

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против полициските службеници Д.Д. (24) и Е.С. (29) од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „примање поткуп“ по член 357 став 1 од КЗ на РМ.

<

Полициските службеници за да не извршат службено дејствие кое морале да го извршат, односно да не изготват записник за сторен сообраќаен прекршок и прекршочен платен налог на возач кој сторил сообраќаен прекршок, побарале и примиле поткуп во материјални добра, коишто по пријавувањето на случајот се пронајдени кај полициските службеници и вратени на сопственикот.

Против полициските службеници до ОЈО за ГОКК е поднесена кривична пријава и тие се суспендирани од своите работни места до завршување на постапката за утврдување на дисциплинска одговорност.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонец осуден на осум години затвор во Бугарија и казна од 50.000 лева

Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство во Ќустендил спроведе судски акт кој стапи на сила, со кој 34-годишниот Г.Н., државјанин на Северна Македонија,...

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...

Свечена владина седница по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор

Владата денеска ќе одржи свечена седница на која ќе бидат одбележани 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. На седницата, како што најави владината...

Создавање природни човечки заби во лабораторија-Македонка на врвот на светската наука

Во свет исполнет со научни предизвици и иновации, сè поголем број Македонки се пробиваат на светската сцена, оставајќи силен белег во различни научни дисциплини...