25.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаНиколовски: Ќе се регулира користењето на службени автомобили, а тоа значи повеќе...

Николовски: Ќе се регулира користењето на службени автомобили, а тоа значи повеќе пари за граѓаните

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Додека опозицијата му спрема интерпелација, вицепремиерот за борба против корупција вели дека ќе бидат разрешени сите функционери кај кои ќе бидат констатирани неправилности во работењето
Дефинирање што се подразбира под репрезентација и ограничување на трошоците на функционерите за таа намена, како и регулирање на користењето на службените возила… се дел од новите рестрикции за избраните и именувани функционери што ги најави денеска вицепремиерот за спречување корупција, за одржлив развој и за човечки ресурси Љупчо Николовски.

<

„Борбата против криминалот и корупцијата, како и стеснување на просторот и можностите за трошење на функционерите и натаму се врв во агендата на Владата“,

рече Николовски и нагласи дека неговиот кабинет во владина постапка предлага уредби за репрезентација, односно што колку може министер, заменик-министер или директор да потрошат за таа намена.

Тој додаде дека ќе бидат разрешени сите кај кои ќе бидат констатирани неправилности во работењето, како што тоа било случај и досега.

„Имаме разрешено повеќе директори, заменици-директори, претседатели на управни и на надзорни одбори… отколку што предложила Државната комисија за спречување на корупцијата, а за кои информациите стигнаа до мене директно од граѓаните и медиумите“,

рече Николовски.
Тој најави дека ќе се регулира и користењето на возила, со што ќе се придонесе за сѐ помалку непродуктивни трошења од страна на политичарите, што значи повеќе пари за граѓаните.

360степени

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...