13.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаМакедонијаОхрид се дави во фекалии, надлежните како и секогаш топката си ја...

Охрид се дави во фекалии, надлежните како и секогаш топката си ја префрлаат едни на други

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Обилните дождови деновиве ја исфрлија на површина неажурноста на надлежните кои наместо да го решат проблемот со фекалиите вдолж северното крајбрежје, си ја префрлаат вината едни на други. Жителите чии куќи се наоѓаат на потегот од турстичаката населба Грашница па се до Даљан се дават во фекалии и неподнослива миризба од шахтите кои пред нос им се прелеваат,навлегувајќи им и во дворовите,а тревните површини каде што играат децаат пливаат во отпадни води и фекалии кои течат и во езерото.

<

Беше кажано дека проблемите со колекторот се решени, конкретно овде на тие два пајпаса,кај Даљан и Подмоље и понатака при помали врнежи доаѓа до излевање на колекторскиот систем, значи фекалиите дирекно се излеваат во езеро.Кај нас реагирале граѓани кои што со кајче или со глисери понекогаш влегуваат во трската кај Подмоље и буквално заглавуваат во фекалии – изјави Борче Стојаноски – Еколошко друштво „Грашница“ Охрид.

Охридсково езеро е голем економски потенцијал и треба да го сочуваме еколошки чисто.Јас не можам да замислам од кога функционира проектот за заштита на Охридско езеро,а да не е решен никој еколошки проблем во сливново подрачје на Охридсково езеро – изјави Лазо Наумоски – екологист.

Првиот човек на Ј.П.”Колекторски систем” признава дека за овој проблем имале реакции од граѓани, ама тропаат на погрешна врата вели.Не чувствувајќи вина, објаснува декафункцијата на колекторскиот систем била прибирање, одведување и третман на фекални води,кои и не биле така многу, но проблемот бил во атмосферските води кои се влевале во колекторот и го оптеретувале.

Точно е дека се излева вишокот на атмосферска вода која што нажалост се слева во нашиот колекторски систем. По сите стандарди односот на фекалија со вода треба да биде најмогу 4 према 1, во моментов согласно ова, односот е 14 према 1 па може да замислите колку се тоа фекалии што влегуваат во Охридското езеро – изјави Владимир Алексиески – директор на Ј.П Колекторски Систем.
Алфа

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум. Искршени споменици, уништени крстови и нова доза на тага во селото Подгорци,...