26.9 C
Ohrid
вторник, јули 1, 2025
ПочетнаМакедонијаЈП „Градски паркинг“ ги продава велосипедите и тротинетите кои се изнајмуваа

ЈП „Градски паркинг“ ги продава велосипедите и тротинетите кои се изнајмуваа

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Откако не успеа проектот за изнајмување на велосипеди и тротинети во Скопје, јавно претпријатие „Градски паркинг“ ги продава и оние малку велосипедите и тротинетите кои останаа неискршени или не беа украдени, а беа купени со буџетски пари, дознава СДК.

<

Ќе се продаваат 4 тротинети, 7 електрични и 22 обични велосипеди. Исто така, на продажба ќе бидат ставени и осум коли, седум скутери и една метларка, бидејќи биле постари од 10 години и трошоците за одржување биле големи. Возилата и велосипедите ќе бидат отуѓени по пат на јавно наддавање.

Во Скопје велосипеди не се изнајмуваат пет години. Проектот беше воведен од Град Скопје во 2010 во времето на градоначалникот Коце Трајановски со цел да се поттикнат граѓаните да го користат велосипедот како превозно средство. Но, тој не функционираше како што беше планирано бидејќи сите велосипеди кои Градот ги купи или ги доби како донација беа искршени или украдени.

Новата градска администрација лани кажа дека работи на нов проект за изнајмување велисипеди, но тој сè уште не е реализиран.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Армиските „Хермелини“ и „БТР“ оклопните возила стануваат противпожарни

Во фабрика во близина на Кавадарци, се одвива интензивна пренамена на воени оклопни возила во противпожарни машини, во пресрет на сезоната на шумски пожари....

Во пожар кај Кочани изгореа автобуси на плац

Според видеото кое се појави на дел од медиумите, синоќа избувна пожар на плац на излезот на Кочани, веднаш до бензинската пумпа „Авто Петрол”...

Менди Ќура официјално независен кандидат за градоначалник на Струга

Независниот кандидат за градоначалник на Струга г. Менди Ќура ја објави својата кандидатура. Со понижност и длабоко чувство на одговорност, денес стојам пред вас за...

Ексклузивна фотографии од опожарениот глисер кај каналот Студенчишта во Охрид.

  До нашата редакција пристигна ексклузивна фотографија од глисерот кој денес попладне се запали во близина на каналот Студенчишта во Охрид. Инцидентот се случил пред неколку...