4.9 C
Ohrid
петок, мај 9, 2025
ПочетнаСветГејтс: Пред светот има 3 нови закани, за ниедна не сме спремни...

Гејтс: Пред светот има 3 нови закани, за ниедна не сме спремни (ВИДЕО)

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Милијардерот Бил Гејтс во разговор со јутјуберот Дерек Милер најбора низа катастрофи кои му се закануваат на човештвото и на кои луѓето не се спремни.

<

Биотероризам

Гејтс, кој ја предвиде пандемијата во 2015 година, му кажа на Милер дека биотероризмот – кога некој сака да предизвика штета со создавање вирус – е новата „катастрофа“ на која луѓето не се подготвени.

„Имаме повеќе шанси да налетаме на вирусот кој е пострашен од природната епидемија како оваа постоечката“, кажа Гејтс.

Ова не е првпат Гејтс да предупредува на биотероризмот како закана полоша од нуклеарна војна. Гејтс во 2017 година на Редит одговарајќи на прашања на обожаватели кажа: „Ме загрижуваат биолошките оружја кои биотерористите би можеле да ги користат“.

Истата година милијардерот на Телеграф кажа дека би било „релативно лесно“ во лабораторија да се направи нов вирус на грипот. За разлика од нуклеарната војна, кажа тој тогаш, кога болеста ќе се пушти, таа нема да престане да убива.

Климатските промени

Следната катастрофа која ќе нè дочека неспремни се климатските промени, кажа Гејтс. „Бројот на мртвите ќе биде поголем отколку во оваа пандемија“, предупреди тој.

 

Минатата година, Гејтс на својот блог наведе дека климатските промени ќе бидат исто така смртоносни како пандемијата и дека до 2100 година ќе бидат пет пати посмртоносни.

„Во следните деценија или две, економската штета предизвикана од климатските промени ќе биде исто толку голема како секои десет години да сме погодени од пандемијата како оваа со ковид-19“, кажа тој. „До крајот на векот, ако светот продолжи вака, ситуацијата ќе биде многу полоша“.

Нова пандемија

Гејтс на Милер му кажа дека, и покрај лекциите кои ги научивме во пандемијата со коронавирусот, нова пандемија повторно би можела да предизвика хаос. Неговиот совет е светот да биде подготвен за бројот на умрените да не биде толку висок.

„Среќни сме што бројот на жртвите не е екстремно висок, но мораме ова нешто да го пресечеме од корен. И понатаму многу земји ќе бидат загрозени, но бројот на жртвите, со вистинскиот систем, би бил десетина од она што сега го претрпевме“, кажа Гејтс.

мкд.мк

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Штип убиство и пукање во единственото кафуле на плоштадот во градот

Штипјани се видно вознемирени поради вечерашните случувања во централното градско подрачје. Според информациите од терен едно лице е усмртено со пиштол во единственото кафуле на...

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Лав XIV

Премиерот Христијан Мицкоски во негово и во име на Владата го честита изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква папата Лав XIV. - Изборот на...

Американецот Роберт Превост е новиот папа – Неговото ново име е Лав XIV

Откако над Систинската капела беше пуштен бел чад, што означуваше дека кардиналите го избраа 267-от поглавар на Римокатоличката црква, беше објавено кој е новиот...

Пуштен бел чад: Избран е новиот папа!

Бел чад е испуштен од оџакот на Сикстинската капела што значи дека е избран нов папа. Кардиналите попладнево одлучиле за наследник на папата Франциск односно...