16.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаНа граѓаните ќе им се простат каматите за заостанати долгови за сметки

На граѓаните ќе им се простат каматите за заостанати долгови за сметки

Министерот за економија, Крешник Бектеши, во интервју за државната агенција МИА вели дека при крај е подготовката и дизајнирањето на петтиот сет економски мерки и наредните денови тој ќе биде објавен и презентиран од премиерот Зоран Заев и економскиот тим во Владата.

Во интервјуто тој зборува за тоа дека во пакетот се предвидува на граѓаните да им се простат каматите на заостанатите долгови за сметките постари од три месеци кои ги имаат кон јавните претпријатија на локално и државно ниво и одговара дали тоа ќе значи поголема поддршка за граѓаните и дали ќе влезат и каматите за заостанатите сметки за електрична енергија и парно греење.

 

„Разгледавме неколку опции во Владата и побаравме различни предлози од страна на различни институции и невладини институции. Мерката ќе важи само за јавните претпријатија кои работат во склоп на општините и кај оние јавни претпријатија во кои 100 отсто е сопственик Владата. Да прецизирам ќе важи за сметките за вода, комуналии и другите сметки кои директно се плаќаат од страна на граѓаните кон јавните претпријатија на централно или на локално ниво. Во моментов разговараме и со други приватни компании за да можеме да обезбедиме некакви олеснителни околности во насока на бришење на одредени камати, но тоа Владата не може да го спроведе кај приватни компании или, пак, кај компании кои над 50 отсто се во сопственост на приватни лица иако Владата може да има одредена малцинска сопственост или процент во одредени компании“,

вели Бектеши.

За отпишување на каматите, вели министерот, се одлучиле бидејќи имаат информации дека одредени семејства и граѓани речиси имаат поголем долг врз основа на заостанати камати отколку што им е главницата на долгот и тоа го префрлуваат на наредните генерации.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...