19.9 C
Ohrid
вторник, август 12, 2025
ПочетнаСветПукање од огнено оружје во Сараево: Повреден е раперот Буба Корели и...

Пукање од огнено оружје во Сараево: Повреден е раперот Буба Корели и неговиот роднина.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Попладнево околу 16:30 часот дошло до пукање од огнено оружје на улицата Џемал Биједиќ во сараевската населба Ступ, во кое две лица биле повредени, пренесуваат регионалните медиуми.

<

Наводно било пукано во Омар, роднина на музичарот Амар Хоџиќ, попознат како Буба Корели, кој исто така бил со него, пишува „Дневни аваз“. Во инцидентот, според непотврдени информации, Омар бил ранет.

Полициските службеници излегоа на местото на настанот и пронајдоа две повредени лица“, соопштија од Центарот за операции на Министерството на внатрешни работи на кантонот Сараево, од каде додаваат дека повредените биле пренесени на универзитетскиот Клинички центар.

На кратко видео, кое беше објавена на порталот „Кликс.ба“, се прикажани пет лица, но не е познато колку од нив имаат врска со пукањето.

Според првичните информации, едно лице било приведено на местото на настанот под сомнение дека има врска со пукањето.

Неофицијално, пукал син на поранешен полицаец чиј автомобил бил уништен во експлозија во населбата Нова Отока пред неколку месеци.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Стопирана постапката за купување регистарски таблички во боја за функционерските возила

Министерството за внатрешни работи ја стопираше тендерската постапка за набавка на регистарски таблички за службени возила, поради жалбите што во моментов ги разгледува Државната...

Трајановски: Детектирани се црните точки на патиштата, работиме во координација со МВР за подобра безбедност

Директорот Трајановски истакна дека се детектираат црните точки на патиштата и се работи на подобрување на сообраќајната сигнализација за поголема безбедност Директорот на Државни патишта,...

Градоначалникот Пецаков оствари важна средба со амбасадорот на Шпанија за развој на Охрид и туристичка соработка

Остварив средба со амбасадорот на Кралството Шпанија Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз. На работната средба разменивме мислења околу туристичката соработка меѓу двете земји, Македонија и Шпанија...

„Тетка Доста, една од најомилените во општина Дебрца, замина во заслужена пензија“

Денес во општина Дебрца се собравме по повод еден значаен и емоционален момент – испраќањето во заслужена пензија на нашата колешка,соработник,пријател– нашиот и мојот...