10.8 C
Ohrid
четврток, мај 6, 2021
Почетна Македонија Ќе се затвори приватната гинекологија во Струга на докторка од државната болница

Ќе се затвори приватната гинекологија во Струга на докторка од државната болница

Translate (Eng):[gtranslate]

По Налог од директорот на Државниот здравствен и санитарен инспекторат и по добиени сознанија дека на локација „Кеј 8 ноември” во Струга се врши гинеколошко акушерска дејност, спротивно на законот, здравствени инспектори од Охрид, во соработка со полицијата, извршија вонреден инспекциски надзор, соопшти Инспекторатот. Просторијата во која се одвивала гинеколошко – акушерската дејност е на д-р З.П.Ш., специјалист по гинекологија и акушерство, вработена во државната општа болница во Струга.

По Налог од директорот на Државниот здравствен и санитарен инспекторат – ДСЗИ, и по добиени сознанија дека на локација „Кеј 8 ноември” во Струга се врши гинеколошко акушерска дејност, спротивно на законот, здравствени инспектори од Охрид, во соработка со полицијата, извршија вонреден инспекциски надзор, соопшти Инспекторатот.

„По двочасовно преговарање со сопствениците на објектот, инспекторите и полицијата влегоа во посочениот простор, кој имал 25 м2 и бил опремен за ординација за гинекологија и акушерство, при што затекнататата фактичка состојба индиректно укажува дека во него се вршела гиниеколошко акушерска дејност. Притоа објектот воопшто не бил обележан за дејноста“, информира Инспекторатот.

РЕКЛАМА

Во соопштението се наведува дека просторијата во која се одвивала гинеколошко акушерската дејност е во сопственост на д-р З.П.Ш., специјалист по гинекиологија и акушерство, вработена во државната општа болница во Струга.

„При надзорот, приложен е Договор за отстапување на користење на простор ( 01/2021 година) каде стои дека просторијата се издава на времено користење на ПЗУ Д-р Благоја Парталоски. Наведената приватна здравствена установа ПЗУ Д-р Благоја Парталоски има решение издадено од Министерството за здравство од 1999 година, дека исполнува услови (простор, опрема и кадар) за вршење на специјалистичко гинеколошко акушерска дејност на горе споменатата адреса, а која во моментот нема носител на дејност бидејќи д-р Парталоски е во пензија од 2009 година, а има отстапувања и во однос на просторот“, се вели во соопштението.

 

Со оглед на затекната фактичка состојба при надзорот и увидот во дадената докуменатација, ДСЗИ ќе издаде решение за забрана за вршење на дејност поради неисполнување на услови за вршење на дејност согласно чл. 301 од Законот за здравствената заштита, а истовремено ќе го извести и Министерството за здравство за одземање на дозволата за работа согласно чл. 62 од истиот закон.

 

„Напоменуваме дека инспекциската постапка сѐ уште е во тек и по комплетирањето на севкупната докуменатција, ДСЗИ ќе ги презвземе сите мерки согласно надлежностите на Инспекторатот“, соопшти Државниот здравствен и санитарен инспекторат

- Реклами -