27.9 C
Ohrid
вторник, јули 15, 2025
ПочетнаМакедонијаМизрахи: Со вакцинирање по 300 луѓе со првичната доза на ден ќе...

Мизрахи: Со вакцинирање по 300 луѓе со првичната доза на ден ќе ни требаат 10 години да го имунизираме целокупното население на државата

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во утринско гостување пратеничката од редовите на ВМРО- ДПМНЕ Рашела Мизрахи кажа дека трагично е што Македонија моли од соседните држави за некоја доза на вакцини и дека тоа само ја покажува неспособноста на власта и на министерот за здравство Венко Филипче во справување со Ковид-19 кризата.

<

Во овој момент е трагично тоа што Република Македонија се наоѓа во ситуација во која што ќе моли и буквално извинете на израз ќе проси од комшиите за да добие некоја доза на вакцини. А да голема благодарност до соседна Србија која што даде 2.000 дози. Вчера имаше едно интервју чинам од господинот Венко Филипче во кое што кажува колку ќе биде комплицирана процедурата за вадење, растопување и имунизација на самото население и дека ќе се имунизираат во 300 луѓе дневно истакна Мизрахи.

Дополнително пратеничката на ВМРО –ДПМНЕ Рашела Мизрахи потенцираше дека состојбата со имунизацијата е трагедија за нашата држава и дека со имунизирање по 300 луѓе со првичната доза на ден ќе ни требаат 10 години за да го имунизираме целокупното население на државата. Мизрахи дополни дека доцнењето со имунизацијата нанесува не само здравствени штети со губење на огромни животи туку и огромни економски штети.

За мене ова е трагедија бидејќи ако имунизираме по 300 луѓе со првичната доза на ден нас ќе ни требаат околу 10 години да го имунизираме целокупното население во Македонија и за оние повозрасни гледачи еве моја генерација и повозрасни ќе упатам еден апел да се потсетиме како се имунизиравме ние и како медицинските сестри доаѓаа и по училиштата и имунизираа деца од прво, трето, четврто одделение се работи за деца што не лесно секогаш се контролираат па се примаа по две, три, четири, пет илјади дози дневно и се имунизираше целото население. Ова е веќе траги- комично, невредно е да се коментира иако како собрание мора да го коментираме бидејќи ова доцнење не ни нанесува само здравствени огромни штети и губење на човечки животи туку и огромни економски штети заврши Мизрахи.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Командант “БАРУТИ” од домашен, оди во затворски притвор !!!

Кривичниот суд денеска одлучи да му се замени домашниот со затворски притвор на напаѓачот на скопската градоначалничка Арсовска. „Имено, С.Љ. осомничен за кривичното дело Насилство...

За прв пат во Македонија изречена казна затвор за убиство на Куче !!!

Кривичниот суд денеска ги осуди Љубе Крстевски и Бранко Билбиловски за убиството на кучето Феликс, кое почина на 7 јануари 2025 година од последици...

Кривична пријава за доктор од Струга.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.С.(42) од Струга, лекар во Општа болница во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело...

На 36 години почина македонскиот гитарист и професор Кристијан Волчев

Загуба за македонската култура и музика Македонската музичка сцена остана без еден од своите најталентирани и најпосветени уметници – Кристијан Волчев. На само 36 години,...