23.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаМакедонијаУбавата и божествено грациозна министерка Захариева, повторно ни вети вакцини...

Убавата и божествено грациозна министерка Захариева, повторно ни вети вакцини…

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Убавата и божествено грациозна министерка Захариева вели дека Бугарија наскоро ќе го оствари ветувањето дадено на Македонија, за донација на вакцини ( бројот не им се знае, да се надеваме дека ќе добиеме барем 1000 единици ), кога тие ( Бугарија ) ќе имале доволно количества од ЕУ, најави бугарската убава министерка во емисијата „Лице в лице“ на приватната софиска bTV.
Ако сме „браќа“ а ако они ни се „ татковци“, семејните непишани правила, пропишани и во Библијата, велат дека „родителот“ треба на „братот“ или на „децата“ да им даде се во исто време, а не да чека да ги задоволи прво едните па потоа другите, односно нас, Македонците со „бугарски корени“?
Дополнително, на прашањето зошто Бугарија не донирала вакцини на Македонија досега, туку тоа прва и засега единствено го направи Србија, Захариева посочува дека проблем е тоа што се доцнело со испораката и преку Ковакс механизмот.
Ама оваа гламурозно и божествено убава министерка Захариева, заборава дека со сите сили ги напаѓаше Србија, Вучиќ, а нас не нарече творба на Титовата коминтерна, која е под иректна контрола на Белград и Москва.
А тој „диктаторот “ Вучиќ вечерва достави авион со вакцини кој слета на аеродромот во Подгорица, Црна Гора. Премиерот на Србија, Ана Брнабиќ додаде дека ќе донираат и повеќе ако им е потребно.Министерката за здравство Јелена Боровиниќ Бојовиќ објави дека во наредните денови се очекуваат уште 2.000 дози од истата вакцина
Премиерот на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ им се заблагодари на Брнабиќ и на државата Србија „што ни го донесоа најскапоцениот подарок …“

<

„Здравје пред се и солидарност пред се. Граѓаните на Црна Гора долго чекаа да пристигне вакцината. И вечерва, 74-от ден од формирањето на Владата, некој пристигна и некој треба да се запраша што се случило од 30 август до 4 декември. и зошто не сторивме поголем дел од работата, како Србија, да им обезбедиме на граѓаните што е Србија, а тоа се вакцини “ објави на својот FB профил Премиерот на Црна Горалинк до целата вест

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум. Искршени споменици, уништени крстови и нова доза на тага во селото Подгорци,...