25.9 C
Ohrid
среда, јули 2, 2025
ПочетнаМакедонијаШекеринска: Доста беше чекање, ајде одиме на попис да се преброиме, време...

Шекеринска: Доста беше чекање, ајде одиме на попис да се преброиме, време е и да ја подмладиме нашата одбрана како земја членка во НАТО.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

По цели две децении, конечно имаме знаење, можност и согласност дека пописот е најважната статистичка операција која не смееме да ја одложуваме. Претстојниот попис на населението е наша заедничка обврска и одговорност. Треба да видиме колку сме на број, за да создаваме соодветни политики што ќе бидат реални и ќе се базираат на вистинската слика за македонското општество, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска во видео обраќање кон граѓаните.

<

Шекеринска потенцираше дека пописот ќе покаже каде има најмногу невработени и која политика за развој на вработеноста ќе даде најдобри резултати. Таа рече дека пописот ќе помогне во вработувањето на младите во одбраната и во развојот на системот за кризен менаџмент.

-Со вистинските податоци ќе можеме подобро да ја подмладиме и одбраната. Да привлечеме млади војници токму од средините каде што имаме најмногу невработени, да им помогнеме тие млади луѓе да ги добијат можностите за напредок во кариерата што ги дава војничката професија. Овие статистички податоци се клучни и за да развиеме подобар систем за кризен менаџмент. Пребројувањето и пописот, на пример, ќе ни кажат колку пожарникари треба да има во секоја од вашите средини. Да знаеме колку се потребни во секој град, во секоја општина. Само знаејќи колку сме, можеме да организираме систем кој ќе биде секогаш пополнет и подготвен да ви помогне вам, на вашите семејства, на вашите соседи, рече министерката Шекеринска.

Пописот е заедничка одговорност, но и заедничка шанса за подобар локален развој, додаде Шекеринска и порача – да се преброиме, доволно чекавме.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена од Тетово нападната од мечка !!

Жена од тетовското село Синичане во Општина Боговиње била повредена од мечка, информираат од СВР Тетово откако за овој случај биле известени од тетовската...

Пецаков оствари средба со Амбасадорот на Република Ирска, со седиште во Букурешт- Се разговараше за туризмот и политичката состојба во Р.М.

Градоначалникот Пецаков оствари средба со Амбасадорот на Република Ирска, со седиште во Букурешт кој ја покрива и Република Македонија, Брендан Вард. На средбата се разговараше...

Стојанче потпиша договор за ангажман на двата пензионирани пилоти

ДЗС: Ангелов потпиша договор за ангажман на двата пензионирани пилоти Стојанче Ангелов, в.д. директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), вчера потпиша договор за...

Скопјанец загина под сопствениот прозор, со мотор го прегазиле на пешачка зона на кеј

Скопјанец загина вчера во страшна сообраќајна несреќа што се случила на кејот на Вардар, во близина на Паркот на франкофонијата, или кај објектот „Жабарот“ Според...