22.9 C
Ohrid
вторник, август 12, 2025
ПочетнаМакедонијаСкопјанка очајнички бараше помош преку фејзбук за да се спаси од нејзиниот...

Скопјанка очајнички бараше помош преку фејзбук за да се спаси од нејзиниот поранешен партнер, но сега добива закани и на социјалните мрежи и од други лица…

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Мајката од Скопје која под псевдонимот Емилија Малите Палавковци вчера очајнички побара помош од јавноста за да се спаси од свирепото насилничко однесување на нејзиниот поранешен партнер во изјава за Слободен печат рече дека продолжува да добива закани. Но, сега таа покрај насилството кое го трпи во домашни услови стана жртва и на сајбер насилство.

<

Корисник на социјалната мрежа Фејсбук кој се претставува како Алекс Ми Скузи дури и во групи наменети за миленици ѝ упатува смртни сакани.

Фото: Принтскрин Фејсбук

Сепак апелот на Емилија за спас од фемицид допре до надлежните институции. Од МВР за Слободен печат потврдија дека преземаат соодветни мерки за заштита на жртвата.

„Министерството за внатрешни работи и Центрите за социјални работи постојано постапуваат по ваквите случаи. И во текот на вчерашниот ден, но и денес се во постојан контакт со Е.Г. и преземени се мерки и активности за заштита на Е.Г. (39) и санкционирање на А.А. (38), кои според пријавеното биле во врска, а од страна на Е.Г. е пријавено загрозување на сигурноста. Од страна на Центарот за социјални работи на Е.Г. и е понудено сместување во шелтер центар, кој е одбиен од страна на Е. Г. Следен чекор е Е.Г. чија согласност се очекува, заедно со Центарот за социјални работи да покренат постапка за изрекување времени мерки пред надлежен суд. СВР Скопје против А.А. ќе поднесе соодветна пријава и се преземаат дополнителни мерки за заштита на Е.Г. која во моментов е во придружба на СВР и ЦСР Скопје.“ ни рекоа од министерството.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска неодамна апелираше до жртвите на родово базирано насилство да го пријавуваат насилството. Таа истакна дека насилството во семејството претставува еден од најсериозните проблеми на денешницата и затоа, како што рече, кон негово решавање се пристапува енергично, темелно и одлучно.

Бројот на случаи на семејно насилство што се пријавува во земјава е околу 15 проценти од реалната бројка. Тоа, најчесто, се должи на економската немоќ на жртвата поради која е принудена да молчи или ако се осмели да пријави, повторно да се врати кај оној што го извршил насилството.

На почетокот на коронавирусната пандемија на жртвите на родово базирано насилство им се обрати и првата дама Елизабета Ѓоргиевска. Таа ги повика жртвите да се охрабрат и да побараат помош.

либертас

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

15 годишно дете со автоматска пушка го извршило убиството викендов во Тетово

Основното јавно обвинителство Тетово отвори истрага против четири лица – тројца возрасни и едно дете – осомничени за крвавиот оружен напад што се случи...

Вработените на Урологија се откажале од парите за службени мобилни и наместо тоа купиле 18 клими за пациентите

Универзитетската клиника за урологија денеска ја промовираше новата, целосно реновирана болничка инфраструктура, како дел од широк инвестициски и реформски циклус, кој опфаќа модернизација и...

Циркузот продолжува: Директорката Лозановска не сака да зборува на англиски иако положила курс во Бугарија.

Во последните денови, јавноста со големо внимание го следи случајот со поранешната директорка на училиштето во Демир Хисар, Маја Лозановска, кој повторно ја отвори дебатата...

Ахмети: Јас резервна татковина немам- Мојот прадедо и дедо почиваат во кичевско.

Тогаш и денес, јас друга држава немам. Јас резервна татковина немам. Мојот прадедо и дедо, моите татко и мајка, почиваат во Зајас, Кичевско, вели...