14.9 C
Ohrid
понеделник, мај 6, 2024
ПочетнаСветНаместо кафе ќе си пиете природно млеко: Сточар од Србија го постави...

Наместо кафе ќе си пиете природно млеко: Сточар од Србија го постави првиот млекомат во регионот, со капацитет од 100 литри млеко на ден

spot_imgspot_img

На почетокот на февруари, еден локален земјоделец од Србија, направил храбар и иновативен чекор и прв во регионот успешно инсталирал млекомат.

Милован Нинчиќ живее и работи во Бранешчи, каде заедно со семејството одгледува 10 крави, од кои седум се млечни и млекото досега им го продал на жителите на Чајетина.

За да отиде чекор понапред, тој се одлучил да воведе иновативна технологиј и од Италија, каде што има повеќе од 2000 вакви апарати, увезол т.н. млекомат, па така сега купувачите можат да купуваат чисто млеко без никакви дотатоци во кое било време од денот.

За да го инсталира овој уред, на Милован му биле потребни 15 месеци. За тоа време, тој успешно ги обезбедил сите потребни дозволи за набавка на апаратот. Кога станува збор за самиот уред, вкупниот капацитет е 100 литри и е програмиран така што со помош на сензор го известува сопственикот кога количината на млеко во него е при крај, но ќе му овозможи и да има контрола дали во апаратот има исправно млеко во секој момент.

„Млекото оди во лактофризерот, а од лактофризерот го претурам во буре од прохром. Доаѓам наутро или навечер, го менувам празното буре со ново, а апаратот го стерилизира млекото. После тоа, го ресетирам и продажбата започнува од нула“, објаснува Милован Нинчиќ.

Овој уред овозможува одеднаш да се купат еден или два литри млеко.

Од самиот почеток на работењето, веќе е јасно дека Милован Нинчиќ е упорен во својата претприемничка идеја, бидејќи планира да инсталира уште еден ваков „млекомат“ во Златибор.

Извор: Агромедиа.рс

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Прилепскиот шарпланинец Љубо стана светски Шампион.

Прилепскиот шарпланинец Љубо од одгледувачницата за шарпланинци Каравилоски го освои првото место во светот во расата шарпланинци на светското првенство кое се одржа...

Дедо Петар: Нашиот народ е мудар и знае за кого треба да гласа во среда !!

Ќе избереме добро или зло; вистина или лага; светлина или темнина; живот вечен или духовна смрт; Бога или ѓаволот?, прашува владиката Петар во пресрет...

Охриѓани ја продолжија традицијата – одиграа фудбалски натпревар стари против млади по повод Велигден!

Фудбалски натпревар кој 64-ра година по ред се игра по повод Велигден! Традиција која ја започнале жителите на Месокастро, а низ годините им се...

Да си ја сакаме државата, да го сакаме ближниот, велигденска честитка на Мицкоски

Од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ на сите верници им го честитам големиот христијански празник, Христово Воскресение – Велигден. Христовото воскресение...