22.8 C
Ohrid
понеделник, август 11, 2025
ПочетнаМакедонијаСтружанецот Васко Јолески една година живее со механичко срце и е активист...

Стружанецот Васко Јолески една година живее со механичко срце и е активист за донирање органи…

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Стружанецот Васко Јолески (36) од 2011 има дијагностицирана срцева слабост и веќе една година живее приклучен на батерии, со вградена пумпа во срцето. Начинот на живот е диктиран од самата болест и вклучува намалена физичка активност, строг режим на исхрана и примање течности и зголемена чувствителност на временските прилики. Вели дека животот не е лесен, но кога не може поинаку, не е лошо и така.

<

„Да не го ставија тоа апаратче, јас немаше да бидам тука. Овој уред бара многу голема дисциплина и многу средства за лекови и суплементи. Последниве две години, срцето толку ми ослабна, што имаше активност помала од 20 проценти. Првин се обратив во Кардиоваскуларниот завод во Охрид, каде што успешно ме лекуваа долги години кај д-р Никола Бакрачески и д-р Елена Башуроска, но дојде моментот кога веќе ништо не можеше да се направи со лекови и беше потребно вградување на механичка потпора. Во клиниката на Жан Митрев ми кажаа дека тоа е единствениот начин за продолжување на мојот живот до изнаоѓање трајно решение. Пазарот на органи во Македонија е многу мал, односно не постои. Имаме само една трансплантација на срце досега. Органодарителството е на многу ниско ниво и затоа овие уреди се преодно до трајното решение, односно ново срце“, вели Јолески за сдк.мк

Коронапандемијата ја отежнала целата постапка за имплементација на апаратот. По веќе закажана операција, Васко се разболел од ковид-19, па морал да се лекува во болнички услови.

„Само што ме отпуштија од болница, каде што успеав да се изборам со вирусот, уследи забрана за меѓународен поштенски сообраќај и тоа ја искомплицира ситуацијата. Не можеше државата да го набави уредот, па помина уште еден месец неизвесност. Буквално во последните часови ми го продолжија живот. Во многу тешка состојба бев примен во клиниката ‘Жан Митрев‘, но, за среќа, докторите успеаја да извојуваат победа за продолжување на мојот живот“, раскажува Јолески.

Јолески, кој е претседател на здружението на пациенти со механичка потпора на срцето и нивните поддржувачи „Храбро срце“, вели дека секојдневието им е борба за живот, но и за подигнување на свеста за донирање органи. Во земјава, 30-ина пациенти чекаат трансплантација на срце. Најмладиот има само 14 години.

„Потребно е да се зголеми свеста кај населението за органодарителството, бидејќи нема поблагодарна работа од тоа да подарите некому живот“, апелира Васко, кој се надева дека неговото механичко срце ќе го одржува во живот наредниве 15 години, по што ќе биде неопходна трансплантација.

С. ВРЕНЦОВСКА за СДК.МК

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трајановски: Детектирани се црните точки на патиштата, работиме во координација со МВР за подобра безбедност

Директорот Трајановски истакна дека се детектираат црните точки на патиштата и се работи на подобрување на сообраќајната сигнализација за поголема безбедност Директорот на Државни патишта,...

Градоначалникот Пецаков оствари важна средба со амбасадорот на Шпанија за развој на Охрид и туристичка соработка

Остварив средба со амбасадорот на Кралството Шпанија Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз. На работната средба разменивме мислења околу туристичката соработка меѓу двете земји, Македонија и Шпанија...

„Тетка Доста, една од најомилените во општина Дебрца, замина во заслужена пензија“

Денес во општина Дебрца се собравме по повод еден значаен и емоционален момент – испраќањето во заслужена пензија на нашата колешка,соработник,пријател– нашиот и мојот...

Пред да исчезне во водите на Охридско езеро објавил фотографии

52-годишниот жител на Пловдив, Илија Танчев, е Бугаринот кој исчезна во Охридското Езеро. Во петокот тргнал кон Охрид, објави 4NEWS.mk На својот Фејсбук профил објавил...