12.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаТргна работата во МВР-Полицијата се поднови со 8000 пара чевли а наскоро...

Тргна работата во МВР-Полицијата се поднови со 8000 пара чевли а наскоро и виндјакни и кошули

spot_imgspot_img

Во насока на реализација на стратешките активности за континуирано подобрување на материјално-теничките услови за работа на полициските служби, Министерството за внатрешни работи постојано набавува униформи и друга опрема за полициските службеници. Деновиве, во магацинот на МВР пристигнаа 8.000 пара чевли со тенок ѓон од италијанскиот производите „Гриспорт“, фабрика што инаку ги снабдува и полициите на повеќе земји од ЕУ. Вкупната вредност на набавката на чевлите со тенок ѓон изнесува 25.520.000 денари без ДДВ.

Покрај ова, Министерството за внатрешни работи преку италијанскиот „Гриспорт“ реализира набавка и на 10.000 пара чевли со дебел ѓон, а вкупната вредност на набавката изнесува 37.000.000 денари без ДДВ, како и 10.000 пара полувисоки чевли, набавени преку производителот „Дермал“ од БиХ, со вкупна вредност на набавката од 42.800.000 денари без ДДВ. Испораката на оваа опрема се очекува да биде реализирана во наредниот период. Наскоро се очекува испораката и на 2330 флуоросцентни елеци, 8000 маици, 8000 виндјакни, 20000 кошули…

Нови униформи пред неколку месеци добија Единицата за брзо распоредување, Единицата за обука и поддршка и Интервентната полиција, а во изминатиот период беа обезбедени пловни објекти и мотоциклистичка опрема за полицијата.

Министерството за внатрешни работи продолжува со континуираните набавки на униформи и опрема за полициските службеници и во наредниот период, а продолжуваме и со реконструкција односно реновирање на полициските станици, за да се овозможат подобри услови за работа. Досега се реновирани 56 енергетски ефикасни објекти, а деновиве ќе бидат промовирани реновираните објекти во општина Ранковце и Старо Нагоричане.

Министерството за внатрешни работи продолжува со силна мотивираност да ги гради севкупните капацитети на институцијата и да создава модерна, опремена и стручна полиција, бидејќи само така ќе се придонесе за уште подобри резултати во работењето, во полза на сите граѓани на Република Македонија.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Поплава во Токсикологија, водата пробила на три ката, а болницата не е осигурана

Изминатата ноќ пукнало парното на Клиниката за токсикологија на Клинички центар и вода избивала од радијатор час и половина, после што поплавени биле простории...

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи даде поддршка за професорката Давкова.

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи со 57,08% даде поддршка за професорката Давкова. Пред Дебрца со процент на...

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...