20.3 C
Ohrid
сабота, септември 7, 2024
ПочетнаМакедонијаЛенче Кукиќ: „Мене лично вирусот ми дојде како некоја пауза, да се...

Ленче Кукиќ: „Мене лично вирусот ми дојде како некоја пауза, да се одморам, да се средам, да видам кај сум.

Струмичанката Ленче Кукиќ за емисијата „Магазин“ на ТВ Сител вели дека ѝ е многу мило што во Белград на улица ја препознаваат од шоуто „Никад није касно“, каде што учествуваше, откако претходно нејзиниот сопруг Горан Кукиќ, учествуваше и беше победник на ова музичко натпреварување, а потоа и таа во 2019-та.

„На граница не познаа: О, еве ги Македонците од Никад није касно, и во Белград на улица исто така“, кажа Ленче во емисијата спомнувајќи дека нејзиот сопруг ѝ бил инспирација и таа да се пријави.

„Горан беше на нивна покана учесник, а јас немав години за да учествувам во Никад није касно. И некако така емотивно се откажав. Си реков: Еве… За мене тоа беше крај. Но, после три години се случи нешто друго. Не знам, јас се викам дека тоа е се некоја Божја работа. И да сакаш да го планираш тоа, не можеш“, раскажа Ленче.

„И секогаш си велев. Дали е тоа вистинскиот момент? Но, навистина бил вистинскиот момент. Сепак, јас налетав на коментари дека не сум требала да одам, но тоа во мојата глава е промоција за било каде. За мене тоа беше како лото“, додаде Ленче.

Ленче говореше и за нејзината победа во шоуто, во 2019 година, и за тоа кога со нејзините изведби го расплакувала жирито.

„Јас таа 2019 година доживеав голема радост и голема тага. Тоа гледачите преку екраните не можеа да го дознаат, бидејќи јас таа 2019 година ја изгбив мајка ми. И некако, не бев свесна дали тоа на мене ми се случува, и некако го издржав тој период на радост и на тага. Дури и сега кога ме прашуваат, како го издржа тој период, јас не знам што да кажам. Стоев таму и гледав на екранот дека јас ќе победам, веќе последните бројки, ама не знам, бидејќи баш таа недела ми беше многу тешка“, кажа Ленче и продолжи да зборува за паузата околу вирусот.

„Мене лично вирусот ми дојде како некоја пауза, да се одморам, да се средам, да видам кај сум. Ако се работеше, јас мислам дека немаше да издржам. Ама, сега веќе се наоѓам во ситуација кога го пребродив тоа и се наоѓам во ситуација каде што почнува да ми работи волјата за работа“, кажа Ленче.

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...