22.9 C
Ohrid
вторник, август 12, 2025
ПочетнаМакедонијаДиректорка и медицинска сестра патувале во странство на сметка на битолската болница

Директорка и медицинска сестра патувале во странство на сметка на битолската болница

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Секторот за внатрешни работи Битола до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе две кривични пријави, една против Н.И.(50) од Битола, раководител-директор за економско финансиско работење во ЈЗУ Клиничка болница Битола, поради основано сомнение за сторено кривично дело казниво по член 353 од КЗ на РСМ “Злоупотреба на службената положба и овластување“ .

<

Пријавената во својство на службено лице по барање на тогашниот директор на Клиничка болница Битола, З.Л.(67) на 22.01.2020 година изготвила налог и извршила исплата на надомест за неискористен одмор во висина од 162.762 денари, без содветна одлука на Управен одбор.

Исто така, поднесена е кривична пријава против Р.Б.(52) од Битола, вработена како главна медицинска сестра во ЈЗУ Клиничка болница Битола и Н.И.(50) од Битола, Раководител – Директор за економско финансиско работење во ЈЗУ Клиничка болница Битола, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело казниво по член 353 од КЗ на РМ “Злоупотреба на службената положба и овластување“.

Пријавените, во периодот од 2018-2020 година, без одлуки на Управен одбор, реализирале повеќе службени патувања во странство, за што од сметката на ЈЗУ Клиничка болница Битола за сместување, превоз и дневници биле исплатени 654.388. денари.

kurir

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Стопирана постапката за купување регистарски таблички во боја за функционерските возила

Министерството за внатрешни работи ја стопираше тендерската постапка за набавка на регистарски таблички за службени возила, поради жалбите што во моментов ги разгледува Државната...

Трајановски: Детектирани се црните точки на патиштата, работиме во координација со МВР за подобра безбедност

Директорот Трајановски истакна дека се детектираат црните точки на патиштата и се работи на подобрување на сообраќајната сигнализација за поголема безбедност Директорот на Државни патишта,...

Градоначалникот Пецаков оствари важна средба со амбасадорот на Шпанија за развој на Охрид и туристичка соработка

Остварив средба со амбасадорот на Кралството Шпанија Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз. На работната средба разменивме мислења околу туристичката соработка меѓу двете земји, Македонија и Шпанија...

„Тетка Доста, една од најомилените во општина Дебрца, замина во заслужена пензија“

Денес во општина Дебрца се собравме по повод еден значаен и емоционален момент – испраќањето во заслужена пензија на нашата колешка,соработник,пријател– нашиот и мојот...