18.9 C
Ohrid
сабота, април 27, 2024
ПочетнаМакедонијаИcповед на мajката која го изгyби детето во Битола: „Ме иcкacaпи, ми...

Иcповед на мajката која го изгyби детето во Битола: „Ме иcкacaпи, ми се смeeше и викaше ‘Оди си ако не ти се бендиcваме’”

spot_imgspot_img

Родилката Викторија Крстева чие бебе почина по раѓањето во битолската болница, по четири дена од трагичниот настан, се огласи јавно. Најави дека нема да отстапи од барањето правда, но и дека дел по дел ќе обелодени сѐ. На медицинскиот персонал му порача: „Ништо нема да ве испере“. Крстева пишува дека имала најздрава бременост.

 

„Овие денови требаше да ја добијам најголемата титула во животот. Мајка. Поради партиските ‘препукувања’ ривалство, инает меѓу докторите и неспособноста – јас изгубив најмногу. Го изгубивме највредното нешто во животот. Нашиот Јован. Нашето најмило. До кога ради вас партиски пиунчиња, ќе страдаме?“, прашува таа.

Додава и: „Се изначитавте.. безброј лаги. Различни приказни.. Сите се ставивте на мое место внатре во сала, а уствари, таму бев јас и тие ‘луѓе’. Не знам и дали треба да кажам дека се луѓе. Бебето не ми почина во стомакот, ниту беше извадено со вакум, иако се колнат дека било. Пола секунда било.. Ех, уште на маката и будала да те направат.. Точно дека бев вратена од болница дома и сеуште си го поставувам прашањето, зошто? Се вратив во раце на други.

Откако ми го пукнаа водењакот и искусните воочиле дека има мекониум, а ЦТГ уредно, а за кое никогаш не одбив да ми биде направено, имаше за царски, и до утре можат да ме убедуваат дека немало, било во каналот… Па еве, кога било во канал, можевте веднаш да употребите ама вистински вакум и да го извадите и ми го спасите бебето, а не додека после пукање на водењакот викав, кревајќи ја болницата од болки и молев за рез, уште два часа, госпоѓата која што веднаш после смртта на моето бебе си замина на одмор и не се појави на ниту едно сослушување, која тврдеше дека не учествувала во мојот пораѓај, иако таа ме искасапи и животински ми скокаше на стомакот, ми се смееше и ми рече “Ако не ти се бендисваме ние, оди си во Плодност’“.

Родилката која го изгуби детето во Битола додава: „Ме искасапи и ми скокаше на стомакот, ми викаше ‘Оди си ако не ти се бендисваме’“ Удирајќи ме во стомакот, на кој што сеуште имам траги, насилно ми го извадивте бебето кое никогаш не успеав да го видам! И уште пораѓајот бил лесен, дај Боже сите следни да ми се вакви??? Па не бил насилен пораѓај.

Какви се не небулози ќе слушнам? Зарем немате трошка милост? Дел по дел ќе обелоденам се! И тоа што ми се умилкувавте, плачејќи и нудејќи ми разноразни ствари, кафенце, сокче.. Ако ти треба нешто само јави се.. Нема да ве испери“.

Децидна е дека имала здрава бременост.

„Имав најздрава бременост, до последниот миг. Секој преглед уреден, секој резултат уреден. Го направија пропустот за кој што знам, дека никој нема да сноси одговорност или за да се покријат, ќе одговара некој друг. Колку да е некој де… А ништо чудно и обдукцијата да е така скоцкана да нема крив. Како што кажавте, да не е некоја најретка аномалија или? А тоа што по канти баравте плаценти, постелки, и што ми стававте?! А тоа што се договоривте што да кажите за да се покриете? А? Оставки, жалења, тажења.. Не. Знам, свесна сум за се! Иако мислевте не. Нѐ потценивте и мене и сопругот. Но, ќе ве изгорам сите. Ветувам. Ни го убивте бебето поради вашето его, надменост и непрофесионализам… Мислејќи дека сте Бог. Убијци. Парична казна? Смешно е. Дури не сносат одговорност нема да се откажеме“, пишува родилката Викторија Крстева.

Државниот санитарен и здравствен инспектортат го објави извештајот со вонредниот инспекциски надзор а во врска со смртта на новороденче во битолската Клиничка биолница. Во извештајот се посочува за лекувањето и третманот на родилката В.К.Најавени се прекршочни мерки за еден лекар кој учествувал во породувањето на родилката.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7-ми Ноември во Охрид.

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7. Ноември. Таму се поставува слој асфалт, додека претходно се постави нова канализациона мрежа, осветлување...

Бектеши: Не влегуваме во влада која нема да ги гарантира уставните измени

Европскиот фронт има договор со албанската опозиција дека нема да влезат во влада која нема да ги гарантира уставните измени, изјави министерот за економија,...

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс!

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс! Илиоски, кој ја имаше титулата аматерски светски првак, во тежок меч во Скопје беше подобар од актуелниот...

Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени...