14.9 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаМакедонијаВладо Мисајловски: Не се способни да набават вакцини па сега народот им...

Владо Мисајловски: Не се способни да набават вакцини па сега народот им е крив, не ги почитувале мерките.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Наместо Владата да земе целосно да се ангажира и да набави вакцини, повторно воведува некои затворања, а во меѓувреме на избори може да одат, попис на сила може да туркаат. Мерките ги носат маркетиншки и партиски немаат ефект, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски во „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.

<

Мисајловски истакна дека треба повеќе разум кај власта, а прво нешто што треба да се направи е да се одложи пописот се додека здравствената состојба не го дозволи тоа и додека не се набават доволен број на вакцини.

„Ако треба да има попис, тогаш илјадници треба да попишуваат а за нив нема вакцини. Дали е логички да се одржи пописот? Треба разум. Комисијата работи како ќе им каже владата така прават. Народот психолошки веќе не може да ги издржи сите политички маневри на владата и нема логика во се ова што го прават. Мерките кои ги презедоа се недоволни, а од друга страна времето го трошат да се сликаат цел ден на црвени килими за еден пакет вакцини, а страдаат граѓаните. Добро е што стигнаа и тие вакцини, но не е доволно“, истакна Мисајловски.

Нагласи дека најголем хендикеп во моментов е што владата нема набавено вакцини а во меѓувреме за сопствената неодговорност и неспособност го обвинува народот.

„Бројките се огромни, имавме вонредни ситуации за многу помалку случаеви, правеа политички игри за да менуваат закони и да носат уредби, направија впечаток дека нешто прават, но еве го гледаме резултатот од сето тоа. Ние сме по смртност во врвот на Европа и регионот. Кај нас никако да застане бранот и никој од власта не презема одговорност, а ги обвинуваат граѓаните. Тоа е безобразно, потенцираше Мисајловски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...

Митрополитот Иларон му го додели чинот протојереј на отец Димитар Арсовски

Во манастирот посветен на Свети Пантелејмон во селото Пантелеј, Кочанско, митрополитот Брегалнички г. Иларион одржа свечена богослужба на која му додели чин протојереј на...

Нуркач од Бугарија исчезна во водите на Охридското Езеро !!

На 09.08.2025 годна во 13.15 часот, во СВР Охрид и езерската полиција е пријавено дека, И.Т.(52) од Република Бугарија, исчезнал при нуркање на длабочина...

Не постоела наредба за приведување на директорката од Демир Хисар

Поради сомневање за кривично дело Фалсификување и уништување деловни книги, Министерството за внатрешни работи – ОВР Демир Хисар, по барање на Основното јавно обвинителство...