15.9 C
Ohrid
петок, мај 9, 2025
ПочетнаМакедонијаЗаев: Пробавме да набавиме вакцини од Кина и преку Пауер Чајна ...

Заев: Пробавме да набавиме вакцини од Кина и преку Пауер Чајна ,,Cинохидро” која гради автопати кај нас и една друга кинеска фирма

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Премиерот Зоран Заев потврди дека Владата се обидувала да набави вакцини против ковид-19 и преку приватни фирми, но смета дека нема незаконски дејствија или лоши намери, туку само се користат сите можни канали за набавување на вакцини. За вратениот аванс од Кина, тој кажа дека кинеското Министерство за надворешни работи не ги прифатило нарачките направени преку приватни компании, додавајќи дека имале помош од „ПауерЧајна“, мајка-фирма на „Синохидро“, која што гради автопати во Македонија.

<

„Јас кажав, ни помогна во целата нарачка ’ПауерЧајна‘, која што е мајка компанија на ’Синохидро‘ која што ги гради патиштата во Северна Македонија и друга кинеска фирма во моментов и не работи на инфраструктурата. Се обративме преку таа фирма, ’ПауерЧајна‘ е еден од кандидатите, еден од деветте кандидати што поминаа за Чебрен, џиновска компанија која е во државна сопственост на Кина и, покрај кинеската амбасада, вртењето телефони, се обидувавме и преку тоа што го имаме кинеско овде, а тоа е компанијата која работи овде“, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање, за време на посетата на објект во изградба во Скопје.

Заев кажа и дека на крајот се одлучило да се оди преку кинеската амбасада, односно преку кинеското МНР за да се реализира нарачката од 200.000 вакцини од „Синофарм“.

„Нарачките што сме ги правеле, во конкретниот случај кон Кина, се со потврда и писма на ‘Синофарм’ и нормално со сите документации, регулирани како што се. Донесени се сите неопходни одлуки, но на крајот се одлучи дека треба да одиме преку кинеската амбасада, да одиме преку МНР на Кина за да може да се реализира нарачката од 200.000 вакцини. Во првиот случај имавме и потврда на Министерството за здравство на Кина, но сепак ги почитуваме дипломатските ставови на пријателска Кина и затоа нарачката е преку Амбасадата и МНР на Кина“, вели Заев.

Премиерот вели дека како и во секоја земја, се прават напори да се набават вакцини и преку десетина приватни компани од Австрија, Велика Британија и од Америка, покрај официјалните контакти преку амбасадите.

 

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Васил Јованов кој ја прегази и усмрти Фросина Кулакова признава дека е виновен

Обвинетиот Васил Јованов кој ја прегази и усмрти Фросина Кулакова, на денешното судско рочиште призна вина. Тој најпрвин изрази сочувство на семејството на Фросина. -Ќе...

Ова е излетаното БМВ со кое побегнал убиецот од Штип! (ВИДЕО)

Во близина на Миладиновци се уште стои оштетен автомобил марка БМВ излетан од коловозот. Според информаците, токму ова возило се користело за бегство по убиството...

Лишени од слобода, лицето кое пукаше и четворица помагачи во врска со синоќешното убиство во Штип

Лишени од слобода лицето кое пукаше и четворица помагачи во врска со синоќешното убиство во Штип На 08.05.2025 во 21.25 часот во СВР Штип е...

Во Штип убиство и пукање во единственото кафуле на плоштадот во градот

Штипјани се видно вознемирени поради вечерашните случувања во централното градско подрачје. Според информациите од терен едно лице е усмртено со пиштол во единственото кафуле на...