23.1 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаВМРО-ДПМНЕ - Каракачанов лаже - ниту едно од посочените функционери нема бугарски...

ВМРО-ДПМНЕ – Каракачанов лаже – ниту едно од посочените функционери нема бугарски пасош

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ  се вели дека „ниту еден од посочените функционери на ВМРО-ДПМНЕ нема бугарски пасош, што само покажува дека неговата денешна објава е класична лажна вест“. Уште се додава дека оваа постапка на Каракачанов била поради политиката што ја води ВМРО-ДПМНЕ. „Очигледно дека Каракачанов воден од својата антимакедонска политика има за цел да оцрнува и да фабрикува невистини против функционери на ВМРО-ДПМНЕ и против партијата, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија во Македонија која остро се спротивставува на неговите негации на македонскиот јазик, македонскиот народ, македонскиот идентитет и македонската историја“.

<

 

Каракачанов тврди дека „копајќи по податоците од бугарските општини“ додека одмара меѓу два настани во кампањата за изборите, ги сретнал имињата на Александар Николоски, Антонио Милошоски, Никола Мицевски, Стефан Андоновски, Александар Пандов, Љупчо Димовски, Филип Петровски… Некои од нив ги знаел лично и тие „тајно живееле за мајка Бугарија“.

 

Објавувањето на имињата ВМРО-ДПМНЕ го поврзува со Зоран Заев, тврдејќи дека тоа била фрлена гума за негов спас поради набавките на вакцините и софтверот на Драги Рашковски. „Лагите кои денес Каракачанов ги лиферуваше на својот Фејсбук профил нема да му помогнат на неговиот пријател Зоран Заев. Заев и неговата влада не ги спасува ништо од сѐ поизвесниот крај, ниту спиновите, ниту лагите на Каракачанов“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Познато целото име и презиме на Македонецот од Струмица кој е убиен во Боливија

Познат е целосниот идентите на македонскиот државјанин убиен во јужноамериканската држава Болиција, заедно со уште двајца српски државјани. Како што објавија пред малку српските...

Тела на двајца Срби и на еден Македонец пронајдени во црни вреќи

Двајца Срби и еден Македонец, беа убиени во прсметка на нарко-картел во Јужна Америка.Телата на двајца Срби и еден Македонец убиени во Јужна Америка,...

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до...

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...