9.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаСрпски архимандрит тврди: Македонците ги создал ѓаволот. (Видео)

Српски архимандрит тврди: Македонците ги создал ѓаволот. (Видео)

spot_imgspot_img

Расчинетиот српски архимандрит д-р Никодим Богосављевиќ вели дека македонската нација не постои и е создадена од ѓаволот.

Во своето видео-обраќање од изминатата недела тој целосно ја негира самобитноста на македонскиот народ и тврди дека Македонците се Срби или Бугари.

Овој поранешен монах од Ваљевската епархија е духовно чедо на покојниот митрополит Амфилохије и долги години служел и во Црна Гора.

Великосрпскиот шовинизам со кој изобилува не е нешто непознато за круговите на СПЦ. Она што зачудува е популарноста која овој човек ја има кај православните во Македонија. Доволно е само да ги отворите дел од цраковните фејсбук страниците за да ги видите воодушевувањата од него кај македонските „верници“

Имено, господинот Никодим е експерт на тема последни времиња и сите пропратни теми како 5Г, вакцинација, чипување и секако Антихристот.

Преку неговиот јутјуб канал и во Македонија се шират опасните и трагикомични ставови за рамната земја, некој руски цар-патријарх што ќе го спаси светот и слични небулози.

Погледнете го неговото објаснување како настанале Македонците.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Поплава во Токсикологија, водата пробила на три ката, а болницата не е осигурана

Изминатата ноќ пукнало парното на Клиниката за токсикологија на Клинички центар и вода избивала од радијатор час и половина, после што поплавени биле простории...

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи даде поддршка за професорката Давкова.

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи со 57,08% даде поддршка за професорката Давкова. Пред Дебрца со процент на...

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...