6.1 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаОбвинетата во случајот „Тендери“ Јулијана Угриновска, фатила пролив, па судењето мораше да...

Обвинетата во случајот „Тендери“ Јулијана Угриновска, фатила пролив, па судењето мораше да се одложи !!!

spot_imgspot_img

Обвинетата во случајот „Тендери“ Јулијана Угриновска, која вчера фатила пролив и не дојде на завршните зборови, поради што судењето се одложи, може да здивне, зашто судењето се враќа на почеток, пишува СДК.МК

Судскиот совет го разреши поротникот Митко Сандев, кој наврши 60 години. Комоцијата доаѓа и за ексминистерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и за Лидија Лазарова-Цветковска, кои се исто така обвинети во овој предмет. Проливот ги закочи завршните зборови и купи време до пензионирањето на поротникот, т.е. до стопирањето на судењето и враќањето отпочеток, со нов поротник во советот.

„Тендери“ и онака во Основниот кривичен суд се влече скоро 4 години, а е за незаконски јавни набавки при изградбата на Музејот на ВМРО.

Судењето за овој случај го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Стевчо Донев.

Поради пензионирањето на поротникот, на почеток се враќаат и најголемиот предмет на поранешното СЈО „Титаник“, потоа „Талир 1“ и „Талир 2“ и „Топлик“.

За да биде комплетна сликата за успехот на судењата во Основниот кривичен суд по обвиненијата на СЈО поднесени до 30 јуни 2017 година, а и тие кои се поднесени неколку месеци потоа, треба да се спомене и враќањето на предметите на почеток поради разрешувањето на судијата Горан Бошевски.

Се враќаат назад и „Траекторија“ и „Талир 1“ кај што суди Бошевски.

Сите овие случаи се за висока корупција и за организиран криминал. Во секоја прилика и во секој извештај за напредокот на Македонија кон ЕУ, ни беше укажувано дека мора овие случаи да се завршат, бидејќи е услов државата да добие позитивна оценка за владеење на правото.

ИЗВОР СДК.МК

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...