15.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаСпасовски : Ќе казнуваме неселективно за време на полицискиот час

Спасовски : Ќе казнуваме неселективно за време на полицискиот час

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Контролите се подеднакви на целата територија на Република Северна Македонија, не сакам да влегуваме во поделби, оти битката со вирусот не познава ниту вера, ниту нација, таа е опасност за сите нас, кажа министерот на почетокот на полицискиот час вечерва. Граѓаните имаат забрана за движење од 22 часот вечерва до 5 часот изутрина. Така ќе биде секоја вечер до 22 март.

<

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во изјава за медиумите веднаш по стапување во сила на полицискиот час, апелираше граѓаните да ја почитуваат забраната за движење иако е непопуларна рестриктивна мерка. Тој најави и санкции за оние кои нема да ја почитуваат забраната. На новинарско прашање за евидентно досегашно непочитување на полицискиот час во одредени населби и градови, министерот одговори дека мерката се однесува на сите граѓани и мора да биде спроведена во целост.

„Апелирам граѓаните да ги почитуваат мерките, на тој начин ќе придонесат во борбата против ковид-19. Секако за оние кои не почитуваат ќе има прекршочни и кривични санкции. Очекувам, како што започнавме оваа вечер, заеднички да придонесеме наредните денови да имаме стабилизација на состојбата, зачувување на здравствениот систем. Убеден сум дека ќе ја добиеме оваа битка.. Контролите се подеднакво на целата територија на Република Северна Македонија, не сакам да влегуваме во поделби оти битката со вирусот не познава ниту вера, ниту нација, таа е опасност за сите нас“,кажа Спасовски.

Министерот се заблагодари на полицијата и на медиумите за кои рече дека се на првата борбена линија, како и на граѓаните кои ги почитуваат мерките.„Знаеме дека ова е рестриктивна мерка која никој не ја посакува, меѓутоа е неопходна ако сакаме да го прекинеме ланецот на ширење на вирусот ковид-19 и мора сите да се придржуваме. Сакам да се заблагодарам на сите полициски службеници кои покрај редовните задачи имаат дополнителна задача да го контролираат спроведувањето на мерките и постојано да бидат на браникот на државата, на заштитата на здравјето на граѓаните. Од мое лично име сакам да се заблагодарам и на вас, медиумите, кои сте на првата борбена линија, оти граѓаните преку вас ги дознаваат информациите и на граѓаните кои ревносно ги почитуваат мерките за заштита“рече Спасовски.

Полицискиот час стапи на сила вечерва во 22 часот и ќе трае до 5 часот изутрина

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...