1.9 C
Ohrid
недела, јануари 26, 2025
ПочетнаМакедонијаПолковникот Драган Ковачки: Ќе ја тужам министерката Радмила Шекеринска за злоупотреба на...

Полковникот Драган Ковачки: Ќе ја тужам министерката Радмила Шекеринска за злоупотреба на службена положба.

spot_img

Ќе ја тужам министертка за одбрана Радмила Шекеринска за злоупотреба на службена положба и ќе ја повикам цела јавност да го следи случајот, порача полковникот Драган Ковачки кој е казнет шест месеци со по 30 отсто од платата, како што објави службената новинска агенција МИА поради наводна закана кон началникот на Генерал штабот, генерал-потполковник Ѓурчиновски.

<

Тој напиша статус на Фејсбук, а ние ви го прикажуваме во целост:

„Ау каков непрофесионализам.

Да дознаам од медиуми дека Шекеринска ме казнила 6 месеци на плата а не сум примил никакво решение.

Еве ја вистината:

Значи, ми наместија дисциплинска постапка за која комисијата составена од генерали веќе се произнесе дека нема елементи за казна (!!!), но Шекеринска дополнително си формира своја комисија во која дури има и лица кои се помали по чин од мене и внимавајте: без НИЕДЕН доказ донела Решение за да ме казни на плата.

Чист аматеризам и своеволие.

Сега ќе си добиете по една тужба и тоа што сте го објавиле ќе мора да го докажете, ама не пред партиска комисија, туку пред Суд. А ќе ја повикам и јавноста да го следи процесот.

Срамота, Шекеринска на што се симнавте.

Политички гледано, ова е дискриминирачки и очајнички обид на Шекеринска преку злоупотреба на службената позиција и на целосно незаконски начин да го спречи Уставно загарантираното право за јавно изразување и критика на јавните функционери, вклучително и на нејзините поразителни и популистички политики во одбраната.

Во моментов, ова е една од темите што е сосема неважна и служи исклучиво за дефокус од неспособоста и алчноста за пари што косат човечки животи.

Јас ова ќе ви го порачам:

Вашите казни и закани само ме мотивираат и докажуваат дека сум на прав пат.

Не може да ме казните за тоа што сум Ви укажал дека сте прекршиле закони.

Можете да казнувате и да се заканувате, но за злоупотреба на службена положба се одговара и кривично.

Се гледаме на Суд, одберете си добар тим правници“, објави Ковачки на својот официјален фејсбук профил.

Како што објави МИА, Ковачки, кој е и член на Извршниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ, на Ѓурчиновски му се заканил со пораката „долга е раката на ВМРО“ испратена преку вибер комуникација..

Пред еден месец, откако Ковачки поднесе кривична пријава против министерката Шекеринска, таа на својот фејсбук профил напиша дека против полковникот се води дисциплинска постапка поради закани кон началникот на генералштабот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонија го заврши Светското првенство на 15. место

Македонската ракометна репрезентација го освои 15. Место на СП 2025 што се одржува во Хрватска, Данска и Норвешка, откако нашите ракометари со вечерашниот пораз...

Клековски објасни зошто нема лекови на „Онкологија“: Не сакаме да купуваме на реверс

Директорот на Фондот за здравство, Сашо Клековски, вечерва во „Тема на денот“ на ТВ Сител рече дека нема да се купуваат лекови на реверс...

Данела Арсовска објави слика од насилници кои претепале службени лица !!!

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, го повика МВР да ја уапси, како што вели таа, банкадата која пали диви депонии, откако биле претепани...

Притвор за двајца полицајци од Битола оддавале службена тајна

На 24.01.2025 од страна на полициски службеници од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, Одделот за криминалистичка полиција и СВР Битола...