21.9 C
Ohrid
вторник, јули 1, 2025
ПочетнаМакедонијаМуамед Сејдини е избран за претседател на Фудбалската федерација на Македонија

Муамед Сејдини е избран за претседател на Фудбалската федерација на Македонија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

На Редовното Генерално Собрание на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини е избран за нов претседател на ФФМ.
Во присуство на претставникот и член на Извршниот комитет на УЕФА, Давор Шукер, потоа Хејди Беха, претставник од ФИФА, генералниот секретар на МОК, Сашо Поповски и заменик директорот на Агенцијата за млади и спорт, Газменд Ристеми, од 96 делегати на Собранието присутни беа 90 од кои 82 гласаа “ЗА” избор на Муамед Сејдини за нов претседател на ФФМ.
“Најнапред сакам да ја изкажам мојата благодарност до сите Вас за укажаната довербата.
Голема е честа да се биде претседател на Фудбалската федерација на Македонија и да се бориме за македонскиот фудбал.
Вратата на Фудбалската федерација на Македонија секогаш ќе ви биде отворена.
Во име на нашата „Куќа на фудбалот“, сакам да Ви се заблагодарам за соработката во изминатиот период, но и да укажам на новите предизвици кои ги имаме и кој заеднички ќе се трудиме да ги исполниме.
Искрено се надевам дека сите заедно ќе работиме на заедничкото создавање подобра иднина за нашиот фудбал.
Со својата професионална активност во фудбалот ќе придонесуваме за јакнењето на заедништвото и меѓусебното почитување. Од сите нас се очекува да создадеме услови за подобрување на атмосферата, условите и амбиентот на фудбалско живеење во нашата држава, чесно и посветено ќе се бориме за тоа.
Оваа Федерација секогаш ќе биде отворена за добри идеи и конструктивни предлози, секогаш ќе биде отворена за луѓе кои посакуваат европски фудбал и во Македонија.
Бидете сигурни дека со сета сила и капацитет ќе се стремиме да ги оствариме целите од Стратегискиот план на Федерацијата, а тоа значи целосна поддршка од ФФМ за Националните селекции, Општинските фудбалски Сојузи, домашното натпреварување, инфраструктурно подобрување и развој на младинскиот фудбал.
Би сакал да изразам голема благодарност до УЕФА и ФИФА, две организации кои се нераскинлив дел од нашето работење и се надевам дека ќе бидеме горди на низа заеднички проекти и во иднина.
Ве повикувам чесно и одговорно да продолжиме да даваме придонес за развој на фудбалот во Македонија”, изјави Муамед Сејдини, откако ја доби довербата да биде претседател на Фудбалската федерација на Македонија.

<

ФФМ

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Март Кос: Идентитетот ви се манастирите, погачата, тавче-гравче, пинџурот или полнетите пиперки!

Еврокомесарката за проширување Март Кос вели дека идентитетот не може да биде предмет на политичко одлучување, бидејќи идентитетот е нешто што си го носиме...

Охриѓанец во ноќен клуб си ја истепал сопругата.

На 01.07.2025 година во 09.15 часот, лишен од слобода е С.Г.(35) од Охрид кој на 30.06.2025 година во 22.10 часот, во ноќен клуб во...

Тошковски: Апсењето во Струмица беше филмско, планирале дрогата да ја изнесат надвор од Македонија

Три лица уапсени, автомобилот бил полн со дрога, постоел план за нејзино изнесување од Македонија. Ова се клучните детали од вчерашната акција во Струмица,...

Битолчанец во казино претепал доктор, па потоа ја нападнал и полицијата !!!

Предложен притвор за осомничен за напад врз лекари и полицајци Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека...