30.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаА да им продаваме ние?!- На Швеѓаните им снемува ѓубре за рециклирање,...

А да им продаваме ние?!- На Швеѓаните им снемува ѓубре за рециклирање, па го увезуваат.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во последните децении, шведската влада се соочува со проблем со кој повеќето земји не ни замислиле дека еден ден може да го имаат. Земјата останала без ѓубре.

<

Звучи невозможно, но кога рециклирате ѓубре, а ги немате материјалите што другите треба да ги фрлат, наредна опција е увоз.

Каде оди шведското ѓубре? Се согорува и претвора во енергија на која Швеѓаните се греат. Тие ѓубрето го користат како замена за фосилно гориво.

Можеби поинтересното прашање, што многумина си го поставуваат, е: како стигнале до таквото ниво на свест?

Звучи скоро надреално, но не и нереално: каде што има волја, постои и начин.

Во процесот се вклучени властите на сите нивоа, а граѓаните се пресреќни кога поминуваат време во природа, па со тоа и ја прифатиле идејата што помага да се зачува таа природа.

Шведските домаќинства сами рециклираат дури 99% од својот отпад. Од 38% рециклирано ѓубре во 1975 година тие досега ја достигнале оваа неверојатна бројка, а сето тоа е дел од „револуцијата за рециклирање“ во Шведска.

И ете така, Швеѓаните си станале увозници на ѓубре, што патем најмногу го купуваат од Норвешка.

Шведска не е единствената земја што увезува ѓубре, тоа го прават и неколку европски земји како Германија и Холандија, но Шведска е предводник во оваа индустрија, иако вели дека начинот на кој го рециклира ѓубрето не е идеален, но се надеваат дека во иднина ќе најдат и подобри методи.

BRIF

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до...

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...

Македонец осуден на осум години затвор во Бугарија и казна од 50.000 лева

Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство во Ќустендил спроведе судски акт кој стапи на сила, со кој 34-годишниот Г.Н., државјанин на Северна Македонија,...

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...