14.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев: Јас мислам и не личи да бидеме локомотива, а останатите да...

Заев: Јас мислам и не личи да бидеме локомотива, а останатите да бидат вагони…

Да нема разлики и несогласувања дали сме за напред или за назад. Сите да бидеме за напред, едни локомотивата, а другите вагоните. Ама сите напред. Сметам дека на СДСМ му личи да биде локомотива, рече Заев.

Во недела на 21 март ќе се одржат директни внатрепартиски избори. Членовите на СДСМ директно ќе го изберат својот претседател. Како кандидат за претседател излегувам со програма и ја барам поддршката за нов мандат. Доколку ја добијам довербата, најавувам досега најголема политичка акција за нова позитивна промена на начинот на функционирање и менталитетот на политичките партии во земјава, почнувајќи од СДСМ, рече премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција.

– Дали е можно ново после новото? Да, подготвени сме и ние тоа ќе го покажеме. Некои многу сработуваат и одат напред, а некои многу потфрлија. Единствениот долг кој го прифаќам е долгот кон граѓаните. И тука се темели новиот начин на работа. Никој повеќе во СДСМ нема да се кандидира за функција само за да биде функционер, туку за да им служи на граѓаните. Второ, новата политика значи ангажирање на сите капацитети во борба против корупцијата и криминалот. На ред е правдата. Истото важи и за сите нас од СДСМ. Членската книшка не значи привилегија, туку одговорност. Борбата против криминалот и корупцијата носи подобар стандард, здравство, образование, но и побрз пат кон ЕУ. Трето, јас отсекогаш сум верувал во моќта на демократијата. Разноликоста на мислењата во СДСМ е богатството на партијата. Слушам некој зборува за претерана демократија, но цврстата рака е симбол на режим. Што сакаме, режим или слобода? Одиме напред во секој можен поглед и враќање назад нема – рече Заев.

 

плусинфо

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...