14.9 C
Ohrid
среда, мај 8, 2024
ПочетнаМакедонијаЗа Велигден полицијата ќе ги чува црквите од верниците

За Велигден полицијата ќе ги чува црквите од верниците

Полицијата ќе врши контроли покрај храмовите на МПЦ-АО во саботата пред Велигден и за време на велигденските празници, откако Владата минатата недела го зајакна полицискиот час, кој ќе почне од петок во 16.00 часот и ќе трае се до вторник до 05.00 часот.

Иако е сосема јасно дека на Велигднеските Воскресни Литургии во сабота навечер ќе бидат само свештениците и новинарите, сепак Владата одлучила да го задолжи Министерството за внатрешни работи да ги интензивира контролите околу верските храмови за време на претстојниот празник.

Како и што ќе контролира полицијата останува неизвесно, со оглед на тоа дека движењето за време на полициски час без дозвола е казниво со закон, парично од 2000 евра или пак казна затвор, па ретко кој би се осудил да замине в црква.

Дополнително, со одлука на Владата е усвоен предлогот на Главниот координативен кризен штаб од состанокот според кој, од четврток 16 април во 16:00 часот, до 05:00 часот во вторник 21 април да се забрани движење и групирање, односно да се затворат сите паркови, излетнички места, места за рекреација во националните паркови и шуми, како и викенд населбите за време на периодот на забраната и посебен режим на движење за претстојниот празник, а Министерството за внатрешни работи да ги интензивира контролите на овие места“, стои во соопштението на владата.

lider

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ДИК: Обработени 56,05% од гласовите – ВМРО-ДПМНЕ 217.533 – СДСМ 73.922

Според првичните објавени резултати на ДИК од обработени 56,05% од гласовите ВМРО-ДПМНЕ има освоено 217.533, а СДСМ 73.922 гласа 1. КОАЛИЦИЈА ЗА ЕВРОПСКА ИДНИНА -...

Претседателот на Ок. ВМРО ДПМНЕ-ДЕБРЦА: Ви благодарам на сите од срце, за силната поддршка!!!

Претседателот на Ок. ВМРО ДПМНЕ-ДЕБРЦА Им се заблагодарува на сите граѓани во општина Дебрца за силната поддршка на ВМРО ДПМНЕ, па со заеднички сили...

ПРВИ РЕЗУЛТАТИ од ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ: ВМРО-ДПМНЕ со тројна предност на почетокот

Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ ги објави првичните резултати од досега преброените гласови за парламентарните избори. ВМРО-ДПМНЕ според овие бројки има тројна предност пред СДСМ.

Македонските ракометари вечерва против Фарски Острови

Македонската машка ракометна репрезентација вечерва на гостински терен во Торшавн го игра првиот натпревар против Фарски Острови од баражот за пласман на Светското првенство...