9.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаАсани: Мојата совест е чиста, наместо да ми се заблагодарат што и...

Асани: Мојата совест е чиста, наместо да ми се заблагодарат што и го спасив животот на пациентката од Дебар, тие ме разрешија.

spot_imgspot_img

Мојата совест е мирна бидејќи направив се што можев и и го спасив животот на пациентката од Дебар.

Еден ден по разрешувањето, сега веќе екс директорот на струшката болница Мухамед Асани се јави преку социјалните мрежи. Вели дека е предмет на организирани напади за случај во кој и надлежните институции покажале дека нема никаква лекарска грешка.

„ Јас лично мислам дека ниту еден лекар не сака да му се комплицира состојабата на неговите пациенти или во најлош случај да заврши со фатален исход. Но колку и да си посветен на работата и при вршење на истата, сепак може да се настануваат и компликации. Има и несовесни лекари но сите што ме познаваат мене, знаат дека не спаѓам во тие.“ – пишува Асани на социјалните мрежи.

Вели бубрегот не го извадил тој, туку хирург специјализиран во областа откако констатирал дека може да предизвика дополнителни проблеми.

Со Асани контактиравме попладнево но тој не сакаше својата приказна да ја раскаже пред камерата на Сител.

На социјалните мрежи се јави и вицепремиерот за борба со корупцијата за да потенцира дека законот ќе важи еднакво за сите.

„Директорот на струшката болница, Мухамед Асани, е разрешен. Нема компромиси кога е во прашање здравјето на граѓаните.

Изминатиот период бев во постојана координација со надлежниот инспекторат, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, кој веднаш ги презеде сите мерки што се во нивна надлежност. “ – напиша Николовски на социјалните мрежи.

Министерот Филипче вчера го разреши Асани најавувајќи нова комисија која повторно ќе го испитува случајот. Против докторот веќе има две приватни кривични пријави а предмет води и обвинителството.

Тој се најде во средина на скандал откако две семејства од Дебар го обвинија за лекарски грешки со сериозни последници.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи даде поддршка за професорката Давкова.

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи со 57,08% даде поддршка за професорката Давкова. Пред Дебрца со процент на...

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...