2.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаСопственици на банка во Македонија откриени во оф-шор компании во Пандора документите

Сопственици на банка во Македонија откриени во оф-шор компании во Пандора документите

spot_imgspot_img

Двајца сопственици на УНИ банка имале офшор компании на Британските девствени острови, открива истражувачкиот веб сајт bird.bg од Бугарија. Станува збор за Ивајло Мутафчиев и Цеко Минов кои имаат по 36,45 % од сопственоста на УНИ банка која работи во Македонија.

Двајцата се квалификувани акционери. Повикувајќи се на документи од Пандора, бугарските банкари имале регистрирано офшор компании преку Тридент од Британските девствени острови. Фирмите поврзани со нив земале кредити од Првата инвестициска банка, банка во Бугарија во која исто така сопственост имаат Мутафчиев и Минов.

Во истражувањето е откриено дека покрај нивните фирми, кредити од банката земале и оф шор компании кои се во сопственост на кипарски Грк, а се поврзани со истите бугарски банкари.

 

Од Првата инвестициска банка на бугарските медиуми им одговориле со демант дека сето банката постојано била и под домашна и под европска супервизија која не утврдила никакви неправилности со податоците кои според нив се стари, добро познати, а дури сега објавени со проектот Пандора.

Пишува: Телма Тв

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...