13.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаМакедонијаПописот е во тек а одзивот кај македонците е слаб - Кој...

Пописот е во тек а одзивот кај македонците е слаб – Кој ќе има најмногу ќар од бојкот и ако нема македонци на пописот?

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Тековниот  попис на населението кој требаше да биде само статистичка операција се претвори во националистичка трка за бројки која започна со патувањето на вицепремиерот Груби на Косово.

<

Премиерот на Косово Албин Курти,и вицепремиерот од ДУИ  Артан Груби како и сета косовска влада директно се замешаа во пописот на својата соседна и суверена држава и објавија еден се-албански повик за најмасовна попишаност на албанската дијаспора. Во повикот Курти образложи дека колку повеќе албанци се попишат толку повеќе ќе имаат власт , пари, привилегии и влијаније во политичкиот систем и ќе обработат за својата кауза.

По овој повик низ повеќето градови низ Европа како и Канада и Австралија граѓаните јавуваат за наводни пунктови каде се попишуваат само македонски  државјани со албанско етничко потекло. Овие се само шпекулации сега засега.

Во контраст македонските ДКП и Амбасади се многу слабо вклучени со информации за пописот . Во Австралија посебно конзулатите и амбасадата досега  не се покажаа многу околу пописот . Во амбасадата има нов персонал за кој за жал се дозна преку австралиските медиуми околу наводниот скандал каде беше повикана и федералната полиција .

Контакт со македонската заедница и информации скоро и да нема , никој не ги контактирал македонските медиуми во Австралија за информации околу пописот.

Според последните податоци во Австралија во пописот учествувале само 1219 македонски државјани, бројка далеку помала од онаа вистинската.

Случајно или не оваа ситуација остава голем простор за шпекулации дека пописот е наместен и бројките се доделени однапред . Со пописот велат некои активисти кој повикуваа на бојкот за референдумот за промена на името пописот  дава можност за поддршка на владата на Заев и се признава легимитетот на “Северната дивоградба” .

Како и да е конфузната ситуација , недоволната информираност остава голем простор за македонците да не се учествуваат на овој попис и на тој начин бројките да бидат далеку помали.

Политиката е игра со броеви и колку се поголеми бројките, толку е поголема моќта што ја даваат.

Затоа Албанците не го бојкотираат пописот и напротив работат напорно за да избројат што повеќе од себе.

Така треба и Македонците и другите етнички групи во Македонија.

Во прилог последните статистички податоци

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум. Искршени споменици, уништени крстови и нова доза на тага во селото Подгорци,...