29.9 C
Ohrid
сабота, август 9, 2025
ПочетнаМакедонијаВМРО ДПМНЕ не гледа разлика помеѓу Ким Јонг Ун и Зоран Заев,...

ВМРО ДПМНЕ не гледа разлика помеѓу Ким Јонг Ун и Зоран Заев, и двајцата се од ”Северна” и тараат иста диктатура…

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Со денешните избори во СДСМ севернокорејската демократија се повеќе продира во Македонија. Кој сака, нека честита, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ, за денешното гласање на СДСМ за избор на партиски лидер. Опозицијата пред Владата постави фотографија од Заев, споредувајќи го со лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун

<

 


„Како симбол на обидот за воведување севернокорејска диктатура во Македонија, пред владата го оставаме ова уметничко дело наречено „Споменик на лудилото“, кое треба да ги потсети и сите кои денес го гласаат единствениот кандидат, но и сите кои некогаш му верувале на овој човек, за каков човек се работи и какви вредности промовира и пропагира. Севернокорејска диктатура во Македонија, никогаш повеќе“,

порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.
Опозицијата рече дека никој во СДСМ не се спротиставил на Заев како единствениот кандидат на изборите.

„Затоа 69-те илјади гласачи на СДСМ денес на гласачкото ливче имаат едно име кое мора да го заокружат. Ако не го заокружат, веројатно им следи службена белешка од партиското обвинителство и суд и престој на современиот Голи Оток. Како во најдобрите времиња на комунизмот и тоталитаризмот, партијата која се нарекува демократска одржува избори на кои се гласа за само еден кандидат. Онака како што СДСМ ја гледа демократијата во својата партија, така ја гледа и во државата. Затоа не ја води Македонија кон ЕУ, туку ја води кон Северна Кореја. Зоран Заев денес не само што е единствениот кандидат и единствениот претседател, веројатно е и единствениот потпретседател, генерален секретар, и веројатно единствен домар во седиштето на Социјал демократскиот сојуз на севернокорејска Македонија. ..По ист принцип Зоран Заев ја води и Владата на Република Македонија. Не само што е премиер, туку е и нагазувач на судството, креатор на хаосот во финансиите, координатор на партизираните органи на државата, веројатно координатор и на посредниците во набавката на вакцините и воедно единствен и главен виновник за состојбата во која се наоѓа државата денес. На гласачите кои на ливчето имаат да бираат меѓу Зоран и помеѓу Заев им честитаме за поддршката на севернокорејската диктатура и режимот кој веќе не е ниту хибриден. Им порачуваме дека вакви избори со еден кандидат недемократите од СДСМ може да си одржуваат на секои 2-3 недели и да си го бираат Заев, но наскоро ќе дојде денот кога ќе мора да се соочат со вистинската волја на граѓаните и поразот на катастрофалните политики на нивниот црпнат диктатор“,

порача ВМРО-ДПМНЕ.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Нуркач од Бугарија исчезна во водите на Охридското Езеро !!

На 09.08.2025 годна во 13.15 часот, во СВР Охрид и езерската полиција е пријавено дека, И.Т.(52) од Република Бугарија, исчезнал при нуркање на длабочина...

Не постоела наредба за приведување на директорката од Демир Хисар

Поради сомневање за кривично дело Фалсификување и уништување деловни книги, Министерството за внатрешни работи – ОВР Демир Хисар, по барање на Основното јавно обвинителство...

Скопјанец „награден“ за „одличното пракирање“ во Будва

Културата си ја покажуваме и надвор од земјава, но не подобро. Скопјанец, мислејќи дека е во Скопје, го паркирал автомобилот до контејнер во црнгорскиот летен...

Жител на Чаир крадел струја од бандера, при што предизвикал пожар.

Пожар зафати бандера на ЕВН и куќа на 63-годишен скопјанец во населбата Чаир. Пожарот бил предизвикан, но било утврдено дека избувнал преку кабел кој...