4.5 C
Ohrid
недела, февруари 23, 2025
ПочетнаМакедонија„Тигрите“ го фатија во Велешта: Каде се криеше Ербен Бојку шест години,...

„Тигрите“ го фатија во Велешта: Каде се криеше Ербен Бојку шест години, обвинет за убиството на Ситем Истрефи

spot_img

Ербен Бојку (35), син на убиениот струшки бос, Дилавер Бојку бил уапсен вчера од „тигрите“ за издржување на затворска казна за убиството на Ситeм Истрефи (23) во 2015 година, а за кое беше осуден на 21 година затвор. Ербен веднаш по убиството избега, но локалните медиуми со години пишуваа дека го гледале во Велешта, каде што најверојатно доаѓал од Албанија.

<

-На 19.03.2021 околу 21.45 часот на патот Струга-Дебар, пред село Велешта полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Отсек за потрага во соработка со ОСОСК и Специјалната антитерористичка единица „Тигар” го лишија од слобода Е.Б. (35), кој се барал со потерници од Основен суд Струга по чл.123, чл.396 и чл.244 од КЗ на РСМ, осуден на казна затвор од 21 година. При приведувањето кај Е.Б. е пронајден пиштол. Приведен е и неговиот брат Б.Б., кај кого исто така е пронајден пиштол, стои во соопштението на МВР.

Ербен Бојку беше недостапен за органите на правдата шест години. Дали бегалецот, како што неофицијално е наречена акцијата за негово апсење, имал локална заштита не е познато, но познато е дека тој бил гледан во Велешта. Тој бил баран со потерници од струшкиот суд, но не е познато дали имало распишано меѓународна потерница по него. На официјалната интернет страница на МВР во делот на „Потраги“ Ербен Бојку го нема меѓу потерницита, било со национална, било со меѓународна.

Но она што е познато е дека убиството на Ситем Истрефи резултираше со крвна одмазда во која беа убиени татковците на убиецот и на жртвата.

На 13-ти декември 2015 година, во населбата Езерски Лозја, во непосредна близина на Струга дојде до престрелка меѓу двете фамилии кои од возила пукаа едни во други. Ситем Истрефи беше убиен, а неговиот брат Прентим беше тешко ранет, и остана инвалид. Во престрелката тешко бил ранет и братот на Бојку, тогаш 45-годишниот Башким. Тој со автомобилот се одвезол во струшката болница, а Ербен избегал и од тогаш е недостапен на полицијата.

Албанските медиуми тогаш пишуваа дека пресметката била поради уривањето на објекти на Дилавер Бојку на струшките плажи. Ситем му бил близок роднина на Кренар Лога, инаку најблизок соработник на тогашниот струшки градоначалник Зијадин Села. Поради тоа Бојку, Ербен и Башким ги претепуваат тогашниот секретар на општината Лога и одговорниот на инспекциските служби Муним Бајрактари. По овој настан, ситуацијата целосно излегува од контрола, ескалира со повеќе тешки физички пресметки и претепување припадници на едната или другата страна. Крајниот епилог е познат.

По убиството на Ситем и бегството на Ербен, и Дилавер некое време се повлекол од Струга и се движел на релација Црна Гора, Косово и Албанија, но потоа се вратил со видно зголемено обезбедување. Сепак, на 14 август околу 17 часот во ресторанот „Аква блу“ на влезот во градот, тогаш неидентификувано лице го застрелало Бојку со еден куршум во главата, по што избегал со мотор.

Во декември 2018 година таткото на Ситем Истрефи беше убиен во неговиот ресторан во Цирих. Ресторанот „Мечки“ е познат како место каде се собираат иселеници од Македонија и играат карти. Истрефи седел со уште еден познаник, а убиецот со шест куршуми го застрелал преку два прозорци пукајќи од улицата. Сите куршуми го погодиле Истрефи.

 

 

Според неофицијални извори во полицијата во Цирих, убиството на Истрефи е јасна порака од семејството Бојку, кое трагите на убиецот на Дилавер ги донела во Швајцарија.

Во февруари лани, МВР соопшти дека К.Л. (33) од струшкото село Ливада го убил Дилавер Бојку, а му помогнал Е.О.(39), од истото село. Убиецот со револвер го застрелал Бојку, а потоа пукал и кон А.Б.(41) од Струга и Б.С.(28) од селото Велешта. По пукањето Е.О. со „мерцедес“ со швајцарски регистарски ознаки го однел до угостителскиот објект, соопшти полицијата. Од СВР Охрид тогаш не открија дали осомничените за убиството се достапни на органите на истрагата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Семејно насилство во Штип – Свекор ја натепал снаата

62-годишен жител на Штип вчеравечер е уапсен откако бил пријавен од неговата снаа, која вели дека физички ја нападнал, соопшти полицијата.

Од Дебар до Тирана ќе се стигнува за еден час

На 14 март ќе се отвори тунелот Муриз, дел од автопатот „Патот на Арбр“, со што патувањето од Дебар до Тирана ќе се скрати...

Мицкоски вели дека нема никакви списоци за партиски вработувања

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека нема никакви списоци за партиски вработувања како што обвинува опозицијата, ниту на министерот за животна средина Изет Меџити му...

Почина 21-годишен осуденик од Штип откако бил донесен во болница со знаци на предозираност?!?

На 22.02.2025 во 11.31 часот во СВР Штип, од Клиничка болница Штип било пријавено дека кај нив од Казнено – поправната установа Затвор Штип...