18.8 C
Ohrid
четврток, август 14, 2025
ПочетнаМакедонијаИстрагата продолжува: Откриени уште три нови станови на Никола Груевски-Становите не биле...

Истрагата продолжува: Откриени уште три нови станови на Никола Груевски-Становите не биле на негово име а купени биле со пари на…….

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Истрагата за плацевите на Водно на избеганиот поранешен премиер Никола Груевски купени со пари од членарините на сопартијците, се проширува и на новооткриени негови станови купени со пари на членството, дознава СДК.МК.

<

Денеска истражителите на Обвинителството за организиран криминал и корупција вршат претрес во новооткриените станови на Груевски, кои не гласеле на негово име.

Информацијата за СДК.МК ја потврди шефицата на ОЈО за борба против организиран криминал и корупција Вилма Русковска.

Според првичните информации, еден од новооткриените станови за кои има сомневања Обвинителството дека се стекнати незаконски, гласи на име на една од секретарките на Груевски. Обвинителството не открива на која секретарка, дали на таа од Владата додека бил премиер, или на некоја од ВМРО-ДПМНЕ, додека ја водел партијата. За останатите новооткриени станови, не се открива на чие име ги запишал Груевски.

Русковска потврди дека поранешната секретарка веќе дала изјава во Обвинителството дека конкретниот стан кај што фигурира таа како сопственик, фактички не е нејзин, дека само потпишала оти е.

Груевски има два стана на „Бихаќка“ на име на мајка му Надежда, за кои веќе јавноста знае, а има уште два стана во Аеродром и во Капиштец, исто така на име на мајка му.

Претходно од јавното обвинителство потврдија дека претреси се вршат и во објекти во Прилеп но не прецизираа за кој станува збор. Неофицијално претресите се во објекти на поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Познато целото име и презиме на Македонецот од Струмица кој е убиен во Боливија

Познат е целосниот идентите на македонскиот државјанин убиен во јужноамериканската држава Болиција, заедно со уште двајца српски државјани. Како што објавија пред малку српските...

Тела на двајца Срби и на еден Македонец пронајдени во црни вреќи

Двајца Срби и еден Македонец, беа убиени во прсметка на нарко-картел во Јужна Америка.Телата на двајца Срби и еден Македонец убиени во Јужна Америка,...

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до...

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...