11.1 C
Ohrid
сабота, мај 11, 2024
ПочетнаМакедонијаСкопјанецот кој си ги нападна родителите затоа што не му дале пари...

Скопјанецот кој си ги нападна родителите затоа што не му дале пари за неговиот 49-ти роденден е притворен !!!

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против 49-годишнк кој се товари дека сторил продолжено кривично дело „телесна повреда” од член 130 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик, соопшти ОЈО.

– Во семејниот дом на улица „Њуделхиска”, на 18 март, обвинетиот со умисла извршил две временски поврзани дејствија кои претставуваат повеќекратно сторување на истото кривично дело. При вршење семејно насилство тој телесно ги повредил неговите родители. Манифестирајќи агресивно однесување затоа што не добил парични средства за роденден, обвинетиот започнал со клоци да удира на вратата од собата на неговите родители и насилно влегол внатре. Прво го нападнал неговиот татко, удирајќи го со тупаници по главата и кубејќи му еден прамен од косата. Потоа со употреба на физичка сила ја нападнал и сопствената мајка, која пристапила во одбрана на сопругот, удирајќи ја со клоци во главата и во левиот колк. Од ударите двајцата родители се здобиле со телесни повреди, информираат од скопското Обвинителство.

Надлежниот јавен обвинител до Судот достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот, бидејќи постои опасност од бегство и можност тој да го повтори делото.​

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

10 лица од Непал вработени во тетовски ресторан преку ноќ побегнале !!

Вчера во 13.30 часот во СВР Тетово, Б.И.(29) од тетовско Долно Палчиште, менаџер во угостителски објект во Тетово, пријавила дека од објектот се оддалечиле...

37-годишен скопјанец го запалил мостот „Беласица“,

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски информираше дека е поднесена кривична пријава за пожарот на мостот “Беласица”. - На ден 11.05.2023 година на ул....

Џафери ја повика Арсовска да ја искоси тревата во дворот на Владата

Техничкиот премиер Талат Џафери ја повика градоначалничката Данела Арсовска, што поскоро да нареди косење на обраснатата трева во кругот на владината зграда. Тој објасни...

УШТЕ ЕДНА ОСТАВКА ПО ПОРАЗОТ: Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Во искреното соочување со причините за изборниот пораз е нашата прва победа. Тоа е најмалку што им го должиме на сопартијците, на симпатизерите и...