14.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаСтотина девојки меѓу новите 569 полицајци

Стотина девојки меѓу новите 569 полицајци

Во Центарот за обука на МВР во Идризово денеска 569 кандидати од генерацијата 2019-2020 година, кои минаа ригорозни конкурсни селекции и ја завршија едногодишната обука, беа промовирани во нови полициски службенци.

– Посебно се радувам што сите вие 569 кандидати, кои што ги минавте ригорозните конкурсни селекции, ја завршивте едногодишната обука со солиден успех, како една од поуспешните полициски генерации во изминативе десетина години, а како награда за вашата посветеност најдобрите од вас ќе имаат можност да бираат во која организациона единица во МВР би сакале да ја продолжат својата професионална кариера – рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Оваа генерација има стотина жени.

– Можеби не секогаш ќе бидете во вашата зона на комфор, бидејќи таква е природата на полициското работење и веројатно нема секогаш да можете да ги решавате сите светски проблеми одеднаш, што е одлика на младите генерации, но никогаш не ја потценувајте важноста што можете да ја имате во општеството, бидејќи историјата ни покажа дека храброста може да биде заразна, а со тоа и надежта да добие реален лик – им порача министерот Спасовски.

На најдобрите Блашко Тодоров, Никола Станоев, Павел Арсовски, Ќирче Атанасов, Роберт Коруновски, Сара Максимовска, Александар Николовски, Николче Житошански, Влатко Владевски, Кристијан Јосифовски, Јована Атанасовска, Ангела Митевска и Симеон Ристевски им беа доделени плакати.

Признанија им беа доделени и на 16 кандидати кои го завршиле основниот степен во изучување на францускиот јазсп/ик, во организација на Амбасадата на Франција во нашата земја.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...