20.9 C
Ohrid
петок, јуни 6, 2025
ПочетнаМакедонијаПоставена табла со албанско знаме и натпис Република Албанија во кичевската библиотека

Поставена табла со албанско знаме и натпис Република Албанија во кичевската библиотека

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Полицијата постапува во случајот за кој денеска пишуваше „А1он“ во врска со поставената табла во билиотеката во НУ Центар за култура „Кочо Рацин“ во Кичево, на која само на албански јазик е напишано Republika e Shqiperisё, со знамето на Албанија.

<

„Министерството за внатрешни работи информира дека веќе презеде мерки во согласност со своите надлежности и за случајот е известен јавен обвинител од надлежното Основно јавно обвинителство“, информираат од МВР.

Како што веќе објави „A1oн“, станува збор за еднојазична табла, само на албански јазик, со знамето на Албанија, која води кон дел од библиотеката, каде што се поставени два компјутера преку кои граѓаните може да добијат информации од Државниот архив на Албанија.

Некои од вработените и посетителите во Центарот за култура „Кочо Рацин“ реагираа дека станува збор за провокација и за кршење на законите со оглед на тоа што таблата не е двојазична, односно оние што не го знаат албанскиот јазик, воопшто не може да се информираат за што станува збор.

Еднојазичната табла била поставена во средата, а директорот на Центарот за култура, Мазлам Османи, изјави дека станува збор за грешка, која ќе биде исправена и дека за тоа е надлежна Општината.

„Ние имаме договор со Општината да отстапиме дел од библиотеката, еден агол, кој ќе може да се користи. Фактички станува збор за два компјутера, кои би се поврзувале со Државниот архив на Албанија и секој што е заинтересиран за одредени информации од Архивот да може да се приклучи. Јас веднаш реагирав дека таблата треба да биде двојазична и побарав да се смени, па еве, ако не ја сменат од Општината ниту денеска, им кажав дека ќе ја отстранам. Инаку, не станува збор за знамето на Албанија, туку за лого на Државниот архив на Албанија“, изјави Османи за „А1он“.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Данела до Елмази: Ќе ти објаснам уште еднаш ама читање до 4 одделение се учи

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, му одговори на Мухамед Елмази од Влен, дека Градот нема надлежност во Сарај. Мухамед Елмази бидејќи се закануваш, ајде...

Млад Србин херојски го спасил животот на Македонец на Олимпик бич во Грција

На познатата грчка плажа Олимпик бич се случи херојска спасувачка акција кога млад Србин навремено реагираше и го спаси животот на постар Македонец што...

Не чувствувам одговорност за трагедијата во Кочани, вели министерот и ексдиректор на ДЗС, Шабан Салиу

Верувам во нашата држава, верувам во институциите на системот, верувам во правосудните органи дека правилно ќе ги согледаат аргументите и сите останати, да кажам,...

Полицаец повреден откако возач му ја прегази ногата за време на контрола

На 04.06.2025 околу 20.05 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницта од бул.„Илинден“ со ул.„Бледски договор“ во Скопје, патничко возило „мерцедес“ со...