13.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаМакедонијаГруби - На пописот ќе може да се попишат и тие што...

Груби – На пописот ќе може да се попишат и тие што се откажале од македонското државјанство- заради знамето и јазикот да бидат државни

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Артан Груби тврди дека и граѓаните кои имаат пасош од земјите кои дозволуваат само едно државјанство, што значи дека се откажале од македонското државјанство, може да се попишат со извод или со било каков документ кој што го поседуваат и дека тие ќе придонесат за унапредување на правата на Албанците во Македонија. Ваквата изјава ја даде за време гостување во емисијата „Опинион“ која се емитува на албанската телевизија ТВ Клан.

<

– Доволно е да има извод од матична книга на родени, извод од книга на венчани или каков бил друг документ – рече Груби.

Новинарот повторно го праша за да прецизира:
– Нема врска дали тој граѓанин има пасош од друга држава германско на пример? Каде треба да се попише овој граѓанин, еден Албанец од Македонија со германски пасош? Ги спомнувам овие држави кои не дозволуваат двојно државјанство и живее во неговата земја, каде може да се попише овој граѓанин, треба да дојде во Македонија или има други начини во амбасадите на Македонија?

Груби одговори дека тие можат да се попишат онлајн.
– Не, се попишува онлајн на страната на ДЗС census.stat.gov.mk и одзема од 3-5 минути попишувањето на целото семејство и да се даде придонес за нивните сонародници кои живеат во Македонија и за оние од дијаспората кои кога ќе дојдат ќе ги уживаат сите права – рамномерен регионален развој, рамномерен економски развој, соодветна и правична застапеност, јазик, знаме и сѐ тоа што доаѓа со одредените квоти – рече Груби.

Тој нагласи и дека овие граѓани кои се државјани на земјите кои не дозволуваат двојно државјанство, со попишувањето нема да изгубат никакво право во земјите во кои живеат.
– Апсолутно ниту едно право во земјите во кои тие живеат или се државјани на таа земја не им се загрозува со пописот на населението. И ова е многу важно да се нагласи дека ниту едно право во државата во која тие државјани, било да е Германија или Австрија, кои не дозволуваат двојно државјанство, не им се загрозува со пописот на населението на Македонија – истакна Груби.

 

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум. Искршени споменици, уништени крстови и нова доза на тага во селото Подгорци,...