18.9 C
Ohrid
недела, јуни 1, 2025
ПочетнаМакедонијаНикола Димитров го победи вирусот, утре оди во Берлин и Љубљана

Никола Димитров го победи вирусот, утре оди во Берлин и Љубљана

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Вицепремиерот за евопски прашања Никола Димитров од утре ќе престојува во посета на Берлин и Љубљана, претходното и идното претседателство со Европската Унија.

<

Тој вчера на фејсбук набиша дека го избркал „гостинот“, односно оздравел по заразата од Ковид-19, поради што ќе може да патува.

Димитров, на покана на државниот министер за Европа на Сојузна Република Германија, Михаел Рот, утре ќе оствари работна посета на Берлин.

Покрај Рот, како што соопшти СЕП, во рамки на посетата предвидени се средби и со Јан Хекер, главен советник за надворешна и безбедносна политика на канцеларката Ангела Меркел, Нилс Шмид, портпарол за надворешни работи на парламентарната група на Социјал-демократската партија во Бундестагот, Сабине Штер, ополномоштеник за ЕУ политики во германското МНР и Сузане Шуц, директорка во Министерството за надворешни работи на Германија, за Југоисточна Европа, Турција и државите на ЕФТА, како и со други релевантни соговорници во контекст на германската поддршка за европското досие на Северна Македонија.
Главниот акцент при разговорите ќе биде ставен на надминувањето на предизвиците и изгледите за одржување на првата меѓувладина конференција со ЕУ, со оглед на тоа што Германија има значајна улога во овие процеси, како дел од актуелното Трио од ротирачкото претседателство со Советот на ЕУ.

Димитров ќе се осврне и на актуелните случувања во Северна Македонија, со фокус на главните реформи во контекст на европската интеграција, а со соговорниците ќе размени мислења и за Берлинскиот процес и очекувањата од Самитот кој што треба да се одржи во Берлин оваа година.

Од Берлин, вицепремиерот Димитров заминува во Љубљана. Словенечкото претседателство со ЕУ започнува на 1 јули годинава.

фокус

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ЕФА бара Бугарија да го признае македонското малцинство

Кршењето на правото на здружување и мирно собирање, говорот на омраза и дискриминацијата на која се изложени Македонците во Бугарија се засноваат на националистичката...

Почина младиот Дарко Јованов, имаше само 29 години

Пријателите и роднините се простуваат од младиот Дарко Јованов, чиј живот за жал згасна прерано. Дарко Јованов беше 29 годишно момче oд радовишкото село Воиславци,...

Добри вести за земјоделците: Албрим Хоџа ќе биде заменик-министер за земјоделство.

Албрим Хоџа, член на претседателството на Алијансата за Албанците (АА), која и понатаму останува дел од коалицијата ВЛЕН, се очекува да биде новиот заменик-министер...

Кран се сруши денеска околу 14 часот во Битола

Градежен кран паднал над објект во стaрата касарна во Битола, информираат за АПЛА граѓани кои биле очевидци. Кранот според фотографиите што ни ги испратија...