19.4 C
Ohrid
четврток, јуни 13, 2024
ПочетнаМакедонијаВеко Филипче: Лично сега нема да се вакцинирам, ќе почекам да стигне...

Веко Филипче: Лично сега нема да се вакцинирам, ќе почекам да стигне поголема доза на вакцини

Министерот за здравство Венко Филипче, иако пред десет дена најави, сепак нема да се вакцинира прв со вакцината на „АстраЗенека“ за да го намали скептицизмот кај граѓаните од оваа вакцина.

 

-Лично сега нема да се вакцинирам, ќе почекам да стигне поголема доза на вакцини, поголема достапност да има за граѓаните и тогаш кога ќе стигнат ќе се вакцинирам со „АстраЗенека“, изјави денеска Филипче одговарајќи на новинарско прашање.

Филипче, на 19 март годинава, на прес-конференција беше прашан од медиумите дали како министер за здравство и некои други политичари први ќе излезат да се вакцинираат со „АстраЗенека“ за да ги уверат граѓаните дека е безбедна.

-Имајќи предвид дека скепсата сега е најголема во однос на таа вакцина, да дефинитивно, одговори Филипче.

Тогаш тој истакна дека ги уверува граѓаните дека буквално секоја вакцина која е сега присутна или дополнително ќе влегува во нашата земја ќе биде безбедна за користење.

На Меѓународниот аеродромот во Скопје вчера пристигнаа 24.000 вакцини од „АстраЗенека“ од Ковакс механзимот, преку кој до крајот на април се најавени уште 76.000 вакцини од истиот производител, како и втората пратка од руската вакцина „Спутник В“.

Вакцинацијата со вчера пристигнатите вакцини на „АстраЗенека“, произведени во Јужна Кореја, треба да стартува в среда во вакциналните пунктови во здравствените домови, додека дозите од „Спутник В“ се наменети за ревакцинација на 3000 здравствени работници.

Министерот за здравство при приемот на вакцините на „АстраЗенека“ на скопскиот аеродром информира дека со нив први ќе се вакцинираат 20.000 лица над 75 години со хронични болести и согласно местото на живеење ќе биде направена дистрибуција на вакцините во вакциналните пунктови во здравстевните домови, каде вакцинацијата се спроведува според редовниот календар од страна на кадар со искуство.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Апел на социјалните мрежи за исчезнато младо момче од Битола

На социјалните мрежи се шири апел за младо исчезнато момче во Битола. -Исчезнато е лицето Стефан Ангеловски од населба. Г. Оризари, висок 190см. тежок околу...

Преку проектот „За сите деца“, Општина Охрид за прв пат организира богата културно-забавна програма посветена на најмладите охриѓанчиња

Преку проектот „За сите деца“, Општина Охрид за прв пат организира богата културно-забавна програма посветена на најмладите охриѓанчиња и најмладите гости кои летуваат во...

Маж и жена фатени при грабеж на црква во Радовиш

На 10.06.2024 во 13.30 часот во Радовиш, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш ги лишиле од слобода С.Р.(37) од Република Хрватска и...

Отровна змија касна турист во Охрид- Во болницата немало противотров

Турист од Холандија бил каснат од отровна змија во Охрид, но поради недостиг на серум во охридската болница, бил транспортиран со санитетско возило до...