9.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаЦрн понеделник, 34 годишно лице е меѓу 41 починат од ковид-19, 303...

Црн понеделник, 34 годишно лице е меѓу 41 починат од ковид-19, 303 се ново заболени

spot_imgspot_img

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 1.405 тестирања, а регистрирани се 303 нови случаи на ковид-19, 41 лице ја загуби битката со коронавирусот, додека 1.169 се регистрирани како оздравени.

Иако претходно во дневната ковид-статистика стоеше дека лице на 22 години од Струга ја загубило биката со ковид-19, од Министерството за здравство предмалку испратија соопштение дека станува збор за техничка грешка, па заведеното починато лице од овој град има 72 години.

Според податоците 303 нови случаи се забележани во Скопје – 195, Прилеп – 28, Куманово – 17, Гостивар – 14, Тетово – 8, Кавадарци – 7, Велес, Штип и Неготино – по 6, Струга и Кичево – по 3, Струмица и Гевгелија – по 2, Охрид, Кочани, Ресен, Радовиш, Дебар и Пробиштип – по 1 лице.

Регистрирани се 1.169 оздравени пациенти од Скопје – 532, Прилеп – 78, Кавадарци – 63, Куманово – 58, Неготино – 47, Велес – 44, Гостивар – 42, Штип – 36, Тетово и Битола – по 34, Кочани – 22, Гевгелија – 21, Крива Паланка – 19, Делчево и Берово – по 14, Струмица – 13, Свети Николе, Валандово и Богданци – по 11, Ресен – 9, Дебар – 8, Кичево, Радовиш и Македонски Брод – по 7, Крушево и Демир Хисар – по 5, Пробиштип, Демир Капија и Пехчево – по 4, Кратово и Дојран – по 2, Охрид – 1.

Пријавени се вкупно 41 починато лице: 16 од Скопје (34г,41г,50г,60г,64г,65г, 3 лица на 67г., 69г,70г, 71г,72г, 77г, 80г и 86г), по 5 пациенти од Прилеп (43г, 2 лица на 67г, 71г и 78г) и Велес (44г,66г,70г,74г и 81г), по 3 пациенти од Куманово (2 лица на 78г и 79г), и Неготино (60г, 74г и 79г), по еден пациент од Струга (72г), Берово (50г), Гевгелија (60г), Виница (62г), Штип (63 г), Струмица (64г), Гостивар (72г), Кочани (80г), и Дебар (85г). Од починатите лица, сите се починати во болнички услови, освен еден кој е во домашни услови.

Направени се 1.405 тестови преку: ИЈЗ-207, ЦЈЗ Скопје-38, ЦЈЗ Битола-0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, МАНУ-33, Жан Митрев (Филип Втори)-208, Авицена-0, Биотек-190, Систина-360, лабораторија Лаор–0, Синлаб-30, Ремедика-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 337.

Досега во земјата се направени вкупно 616.862 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 127.240, бројката на оздравени пациенти е 105.524, на починати е 3.716, а бројот на активни случаи изнесува 18.000.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна: Скопје 56.944, активни 9.143, Прилеп 6.933, активни 1.030, Куманово 6.683, активни 773, Тетово 6.223, активни 545, Гостивар 4.475, активни 452, Велес 4.379, активни 650, Кавадарци 4.367, активни 685, Битола 4.258, активни 622, Штип 4.195, активни 398, Охрид 4.052, активни 732, Струмица 3.193, активни 313, Струга 2.644, активни 208, Кочани 2.207, активни 217, Кичево 1.962, активни 150, Неготино 1.892, активни 397, Гевгелија 1.777, активни 373, Свети Николе 1.248, активни 105, Крива Паланка 1.044, активни 92, Ресен 982, активни 148, Радовиш 877, активни 104, Дебар 848, активни 44, Делчево 835, активни 85, Берово 811, активни 98, Пробиштип 672, активни 87, Виница 592, активни 59, Валандово 494, активни 66, Крушево 430, активни 133, Богданци 399, активни 70, Демир Капија 349, активни 78, Кратово 326, активни 29, Демир Хисар 320, активни 41, Македонски Брод 292, активни 30, Пехчево 226, активни 26, Македонска Каменица 201, активни 8 иДојран 110, активни 9.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Поплава во Токсикологија, водата пробила на три ката, а болницата не е осигурана

Изминатата ноќ пукнало парното на Клиниката за токсикологија на Клинички центар и вода избивала од радијатор час и половина, после што поплавени биле простории...

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи даде поддршка за професорката Давкова.

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи со 57,08% даде поддршка за професорката Давкова. Пред Дебрца со процент на...

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...