10.3 C
Ohrid
сабота, мај 17, 2025
ПочетнаМакедонијаСела и Гаши со закани - Ние ќе го истераме пописот до...

Села и Гаши со закани – Ние ќе го истераме пописот до крај, без измени -договорот на некојси Заев и Мицкоски за нас не важи

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Села и Гаши: Нема да дозволиме пописот да се одложи, граѓаните не може да бидат експериментални глувци

<

Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива цврсто стои на ставот дека не може и не треба да се одложува и двете партии ќе ги искористат сите политички средства, вклучувајќи го и бадентеровиот механизам за да спречат одлагање на пописот, изјавија на прес-конференција претседателите на двете партии, Зијадин Села и Африм Гаши.

„Ние како коалиција стоиме цврсто на ставот дека пописот не може и не треба да се одложува. Имаше препораки од ОН да не се спроведува попис во време на пандемија, но Владата не слушаше и сега на веќе започнат попис, којшто трае веќе еден месец, сакаат да го прекинат. Ние ќе го спречиме ова“, рече Гаши.

И тој и Села изнесоа низа критики за вчерашната средба на премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Според Гаши од средбата имало една добра и една лоша вест. Добрата е што за Заев се потврдило дека не е тешко да се договара со Мицкоски, иако долго велеше дека само со Мицкоски не може да се договара. Но, како што вели Гаши, тоа е добро.

„Лошата вест е што се виде како во оваа држава да нема друг, ни партии, ни парламент, па тие одлучија сами да носат одлуки. Тоа е лошо за државата и за сите институции, но и за минималната демократска култура што е досега изградена.

Али Ахмети, како што во 2011 година заедно со Груевски го попречи пописот сега истото го прави со Заев и го попречува пописот на штета на Албанците. Албанците не се сирачиња, не се народ без мајка, имаат свои политички партии во опозиција и ние ќе направиме сѐ да го чуваме нивниот интерес и дигнитет“, изјави Гаши.

За Села политичките ефекти и договарања на вчерашната средба на Заев и Мицкоски се неприфатливи бидејќи тоа била средба меѓу претседатели на две партии, „меѓу премиер и некојси лидер на опозиција“.

„Ние како политички систем сме парламентарна демократија, ниту претседателска република, ни монархија и слично. Не може да договараат кои било поединци одложување на попис, воведување на нови дефиниции во Законот за попис кој е во сила и е почнат. Во него не постои евиденции или верификации на граѓани, туку попис на резидентни и нерезидентни граѓани, на сите државјани на Македонија без оглед каде живеат. Пописот нема да се одложува зашто зад тоа стои намера за спречување на истиот. Истата приказна ја слушавме во 2011 од Ахмети и Груевски, а сега ја гледаме втората епизода од истиот филм“, рече Села.

Тој порача дека секој којшто ќе се дрзне да одложува или спречува почнат попис треба да се соочи со правдата за кршење на законите:

„Коалицијата Алијанса и Алтернатива има механизми да го тера ова до крај. Без оглед што договараат двајца лидери на партии го имаме бадентеровиот механизам за да го спречиме тоа.

Пописот треба да продолжи да не се одложува. Нема да дозволиме од граѓаните да се направат експериментални глувци, на што наликува договорот на Заев и Мицкоски. Тоа е нивно договарање, ама за пописот има закон кој треба да се почитува“, изјави Села и ги повика граѓаните да се попишат, а попишувачите да продолжат со нивната работа.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од Скопје до Солун ќе се стига за 1 час и 30 минути.

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски потенцира дека Договорот за стратешко партнерство значи дека нашите односи се на највисоко можно ниво, што ќе...

Тошковски: Ги јакнеме капацитетите за одржлив систем за управување со кризи

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, заедно со амбасадорот на Република Австрија, г. Мартин Памер, денеска во рамки на работна посета на Охрид, присуствуваа...

69-годишен маж од Свети Николе со воздушна пушка пукал во деца кои береле цреши од неговиот двор

На 16.05.2025 во 14.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишиле од слобода В.И.(69) од Свети Николе. Тој претходно од...

Жена возач сруши семафор кај Сити Мол.

На булеварот Партизански одреди пред трговскиот центар Сити мол во Скопје попладнето се случи една невообичаена сообраќајна незгода. Автомобил марка „рено“ со скопски регистарски...