14.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаТрагична судбина: Ова е македонскиот државјанин кој беше брутално убиен во Германија

Трагична судбина: Ова е македонскиот државјанин кој беше брутално убиен во Германија

Триесет и две годишен Македонец бил убиен во германскиот град Есен. Како што пишува Билд.де., тој во два часот наутро имал расправија со двајца Еритрејци на 25 и 29 годишна возраст. Вербалниот конфликт набрзо се претворил во брутална тепачка, во која Македонецот бил тепан од двете лица со пивско шише се додека тој не колабирал.

Сведок на настанот му пружил прва помош и се обидел да го реанимира повредениот, кој веќе бил онесвестен, но за жал веќе било доцна.
Тој беше однесен во болница, но таму почина по кратко време како последица на сериозноста на повредите“ изјавил за Билд, портпаролот на полицијата.

Поради добриот личен опис кој сведокот и го кажал на полицијата, полицијата успеала да го уапси 25 годишниот осомничен на железничката станица во Есен, а 29 годишниот на железничката станива во Милхајм.
Повозрасниот убиец е во притвор за убиство од небрежност, а помладиот повторно е во бегство.

По извршената обдукција, констатирано е дека Македонецот починал како последица на нападите од тап предмет, односно од шишето. Не е јасно која била причината за караницата која доведе до ваков фатален исход. Случајот го истражува Јавното обвинителство на Есен.

Убиениот е од Маврово-Ростуше

(Во продолжение пренесуваме пост објавен на Фејсбук групата Македонци во Германија)

Убиено златно дете од Жировница ( Маврово-Ростуше ) мој соселанец .

За жал Германија насобра секакви будали од сите страни на светот и стана една од нај опасните држави .

Иако законот можеби функционира, но опасноста не изостанува, а после изгубен млад живот, се е залудно дали убиецот ќе биде фатен и осуден …

Ова нека биде поука и апел до сите деца, тинејџери и родители :

Внимавајте каде излегувате и избегнувајте било какви провокации и инциденти ‼️

Детево ни криво ни должно излегло на прослава и не се врати дома, судбината така сакала, да биде на погрешно место во погрешно време .
Неговите родители скоро дојдени тука во посета, а ќе се враќаат назад со синот во ковчег …..наша гурбетска трагична судбина .Сочуство до фамилијата 🖤

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...