16.9 C
Ohrid
вторник, јули 8, 2025
ПочетнаМакедонијаПоскапуваат катастарските услуги- Имотниот лист ќе чини три пати повеќе

Поскапуваат катастарските услуги- Имотниот лист ќе чини три пати повеќе

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
  • Катастарските услуги со промена на тарифниците во Службен весник ќе поскапат значително, а некои ќе чинат и до три пати повеќе,објави Сител.

    За упис на новокупен стан во Агенцијата за катастар на недвижнини, за имотен лист наместо 1,250 денари, граѓаните ќе треба да платат најмалку 3.750 денари, затоа што при промена на сопственост ќе треба посебен упис на квадратурата на станот,дел од заедничките простории, како и дел од земјиштето под зградата.

    Сега, ќе треба да се плати за секој имотен лист посебно, што значи граѓаните ќе ги чини 3,750 денари, плус 600 денари за нотарски услуги. Ако купуваат и гаража, ќе треба да платат за уште еден имотен лист, односно дополнителни 1.250 денари.

    Со новиот тарифник поскапуваат и услугите на самите геодети.Значително поскапување има и кај премерот што го прават геодетите, како и за самото изготвување на планот.  Согласност за поскaпувањата дала Владата на 30 јануари, а Тарифникот стапи на сила на 15-ти февруари.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охрид – домаќин на дипломатска средба: Муцунски и Хасани во посета на Бисерот на Македонија

Како градоначалник на Охрид, градот на светлината, градот каде секое камче има своја приказна, ми причинуваше чест да бидам домаќин на македонската...

На 400 невработени Владата ќе им плати по 24.000 денари ако се пријават за помош во гаснењето пожари, најдобрите ќе добијат и вработување

Владата ги повика невработените да се пријават на огласи што ќе ги распишат општините за помош во справувањето со пожарите. Ќе добиваат месечен надоместок...

Охрид: При контрола на Капетанијата и Езерска полиција фатени СЕДУМ пијани „КАПЕТАНИ“

Алкотестирани се вкупно 16 лица од кои кај 7 лица беше утврдено присуство на алкохол, од кои кај двајца е утврдено 1,17 и 1,07...

Пронајдено изгорено човечко тело, по пожарот кај Лепенец

Порталот „Скопје1“ пренесува дека по вчерашните пожари кај Лепенец , е пронајдено изгорено човечко тело во штала која била лоцирана во близина на...